My Bloglist

среда, 15 декември 2010

Андерсон потпиша нов договор

Бразилскиот репрезентативец Андресон ја прифати понудата за нов договор со Манчестер Јунајтед според, кој на Олд Трафорд ќе остане до 2015 година.

"Задоволен сум од понудата и затоа решив да останам уште дополнителни 4 и пол години. Сакам со Манчестер Јунајтед да освојувам уште многу трофеи и верувам дека ќе ја продолжиме серијата од претходниот период", изјави Андресон.

Младиот Бразилец во Манчестер Јунајтед дојде пред три години, но се уште не го потврдил својот голем талент, но менаџерот Алекс Фергусон смета дека неговото време доаѓа.

"Андресон се развива во вистински правец, тој има 22 години и јас очекувам тој да биде еден од најдобрите фудбалери на светот", рече Фергусон.

Андресон во досегашниот тек од престојот во Манчестер Јунајтед одиграл 59 натпревари, а за селекцијата на Бразил има осум настапи.

Роналдо пред шокантно враќање во Јунајтед?

Ѕвездата на Реал Мадрид Кристиано Роналдо сака да си замина од Шпанија и да се врати на Олд Трафорд.

Причината за тоа е некоректниот однос кој го има на секој стадион надвор од Бернабе, каде секогаш неговите потези се проследени со свирежи, а последен доказ за тоа е „пречекот“ кој го имаше на „Ла Ромаледа“ во Сарагоса.
Лошиот однос на публиката кон него како и непочитувањето од страна на новинарите и шпанската публика го натерало Португалецот да размислува за напуштање на тамошната Лига, пишува Ел Мундо Депортиво.

Во ерата во Манчестер Јунајтед, најскапиот фудбалер на планетава веќе имаше ваков сличен проблем после распавијата со Вејн Руни на Мундијалот во 2006 година.

Арогантниот карактер и грозните гестови кон противничката публика предизвикуваат бес кај публиката надвор од Бернабе. Домашната публика пак е лесно резервирана кон него поради неговиот однос кон соиграчите. Роналдо оваа година дури ја нападна и публиката на Бернабе, порачувајќи и дека не треба да свират туку да аплаудираат и дека таквиот однос него го иритира.

Португалецот неколку пати истакна дека му недостасува Манчестер Јунајтерд а особено Фергусон па медиумите во Шпанија пишуваат дека воопшто нема да биде изненадување доколку Роналдо побара да се врати повторно на старото место каде го достигна врвот на славата и го имаше статусот на неприкосновена ѕвезда.