My Bloglist

среда, 13 октомври 2010

Јунајтед спрема 18м фунти за Горкуф

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед има многу сериозен интерес за ѕвездата на Лион и националниот тим на Франција Јохан Гюркуф.

Според британското издание, менаџерот на „црвените ѓаволи" Сер Алекс Фергусон подготвува понуда во висина од 18 милиони фунти за поранешниот фудбалер на Бордо.

Шкотланѓанецот ќе се обиде да го засили средниот ред на тимот во текот на зимата и извршниот директор на Јунајтед Дејвид Гил веќе потврди дека специјалистот ќе има целосно зелоно светло за нови засилувања.

24-годишниот Гюркуф постојано бележи напредок во кариерата во изминатите неколку години и доста европски тимови покажуваат сериозен интерес за него.

Тој беше големата ѕвезда на Бордо, но во текот на летото премина во Лион, бидејќи со тимот од „Жерланд“ ќе може да учествува во фазата по групи на Лигата на шампионите - турнир во кој нема да играше со „жирондинците", бидејќи клубот одигра слаба сезона и не заврши меѓу првите места.

Гюркуф сепак далеку не е единствената опција на сер Алекс за ново лице во средниот ред. Стручњакот го следи и белгискиот репрезентативец од Стандард Лиеж Стивен Дефур.