My Bloglist

среда, 29 септември 2010

Валенсија-Манчестер Јунајтед 0-1, 2 коло, С група во ЛШ

Во второто коло на С групата од Лигата на Шампионите Манчестер Јунјатед ја забележа и првата гостинска победа во сезоната. Во еден тежок натпревар со многу трчање, тактичко надмудрување и посед на топката на страната на домаќините, Јунајтед сепак најде начин да си замине од Местаља со 3 бода.

По подолго време во првиот тим се вратија Керик, Андерсон и Рафаел од кои само Керик не се покажа баш во најдобро светло. Во нападот Бербатов беше осамен и немаше многу шанси. По крилата Нани и Парк исто немаа мнoгу употребливи топки за Бербатов. Одбраната на овој натпревар беше на највисоко ниво. Се виде дека враќањето на Фердинанд значи многу за одбраната. Заедно со Видиќ, Евра, Рафаел и одличниот Ван Дер Сар на голот, Јунајтед ги одбиваше сите напади на домашната екипа. Среќниот момент се случи во финишот на натпреварот кога во игра влегоа Хернандез и Македа. Веќе во втората посериозна шанса Хернандез одлично искористи една топка од Македа и со удар од 15-ина метри му донесе водство и победа на Манчестер Јунајтед на ова тешко гостување.


Во другиот натпревар од оваа група Ренџерс на домашен терен славеше против Бурсаспор со 1-0 па така сега британските екипи го имаат главниот збор во групата засега:


1. Манчестер Јунајтед 1 1 0 1-0 4
2. Ренџерс 1 1 0 1-0 4
3. Валенсија 1 0 1 4-1 3
4. Бурсаспор 0 0 2 0-5 0