My Bloglist

понеделник, 4 октомври 2010

Неверојатно Шеј Гивен може да се пресели во Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон подготвува сензационална понуда за доведување на голманот на градскиот ривал Манчестер Сити Шеј Гивен.

Гивен во моментов е резерва на младиот Џо Харт, кој Роберто Манчини преферира да го постави на голот и логично е незадоволството од својот статус на „Сити оф Манчестер".

Во текот на летото ветеранот беше пред напуштање на клубот, но на крајот остана. Сепак, неговата иднина е доста неизвесна и голема е веројатноста на зима тој да биде продаден, бидејќи неговата желба е да игра редовно.

Во Сити сепак не сакаат да се разделат со Гивен, бидејќи раководството на тимот јасно сфаќа дека тој е многу вреден за тимот и е одлична алтернатива за Џо Харт.

Мали се шансите „граѓаните“ да го продаат на својот голем ривал Манчестер Јунајтед, но тоа не го попречува Сер Алекс да ја проба среќата да го земе.

Шкотскиот стручњак очајнички бара заменик на Холанѓанецот Едвин Ван Дер Сар, кој ќе стави крај на својата кариера по оваа сезона и вели дека Гивен може да заврши одлична работа на голот на „Црвените ѓаволи".

Арсенал и Селтик, исто така, покажуваат многу сериозен интерес за 34-годишниот голман, кој има само еден натпревар за Сити оваа сезона.