
“Евертон го комплетираше трансферот на Дарон Гибсон од Манчестер Јунајтед.” – гласеше соопштението на Евертон.
“24 годишниот репрезентативец на Република Ирска стави потпис на четири ипол годишен договор.”
Гибсон е второ засилување за Дејвид Мојс во јануарскиот преоден рок, откако претходно на Гудисон Парк на краткорочна позајмица се пресели Лендон Донован од ЛА Галакси.