Ѕвездата на Интер, Весли Снајдер даде свое видување околу тоа кој ќе го замени Сер Алек Фергусон откако шкотланѓанецот ќе се реши да се повлече од клупата на Манчестер Јунајтед.
- "Кога Фергусон ќе се реши да се пензионира, според мене, Мурињо ќе го наследи. Па така, од Јунајтед ќе замине еден одличен, светски признат менаџер, а на негово место ќе седне друг, исто така светски признат и одличен менаџер. Досега многу-пати сум имал долги и искрени разговори со Мурињо и би се обложил во тоа дека токму португалецот ќе биде наследникот на Фергусон."
- "Да бидам искрен, веројатно тој е едниствениот тренер во светот кој е способен да го замени Алекс Фергусон. Свесен сум дека и Ферги ќе има важна улога во одлуката за нов менаџер на Манчестер Јунајтед и иако двајцата имаа свои недоразбирања, сепак видлив е меѓусебниот респект кој што го имаат овие двајца."
- "Знам точно колку голема желба има Мурињо да се врати во Премиер лигата. Кога зборувавме околу таа можност тој тој изгледаше како мало дете. Беше многу возбуден." - изјави Снајдер кој под водство на Мурињо освои се што можеше да се освои минатата сезона со Интер.
недела, 29 август 2010 г.
Нани одлично одговори на критиките
![]() |
Одличната игра крунисана сo гол и аистенција |
- Вчера беше прогласен за играч на натпреварот меѓу Јунајтед и Вест Хем имајќи учинок од еден гол и една асистенција притоа играјќи со огромна самодоверба.Со тоа покажа дека промашениот пенал не остави некој лош ефект врз неговата игра.
- "Секогаш уживаме кога постигнуваме голови. Минатата недела одигравме нерешено па затоа бевме екста фокусирани да обезбедиме победа против Вест Хем. Оригравме одлично и победивме па затоа мораме да бидеме среќни. Можевме да постигнеме и повеќе голови но и вака сме задоволни од крајниот резултат. Бев пресреќен што успеав да постигнам гол бидејќи успеав да промашам неколку шанси предходно. Оваа сезона сакам да постигнам голем број на погодоци и на тој начин да му помогнам на тимот." - изјави Нани по натпреварот
Фергусон задоволен од перформансите на тимот против Вест Хем

Фергусон изјави дека Јунајтед имаше шанси за повисока победа имаше контрола на целиот меч и на поседот на топката.
Исто така ги пофали и стрелците. Руни немаше постигнато гол од март но соноќа без проблем од пенал ја смести топката во мрежата и станува се подобар и подобар.
Исто така ги пофали и Нани и Бербатов.
Тоа беше фантастичен гол на Нани и мајсторија од Бебратов.
Претплати се на:
Објави (Atom)