My Bloglist

недела, 19 декември 2010

Ангажирањето на Фергусон го чинело Јунајтед 60 илјади фунти

Поранешниот газда на Манчестер Јунајтед, Мартин Едвардс потврди дека го довеле Сер Алекс Фергусон на чело на Јунајтед од Абердин за само 60 илјади фунти.

По 34 освоени трофеи за овој период, Едвардс со чисто срце вели дека тие 60 илјади фунти биле добро потрошени, ако се има во предвид за каква револуција направи Сер Алекс Фергусон со тимот на Манчестер Јунајтед, а претходно успеа да го издигне Абердин до големи успеси.

„Од секогаш сум бил имперсиониран од неговата работа. Успеа од еден мал шкотски тим да освои 3 титули во лигата и еден европски трофеј и тоа против Реал Мадрид. Кога беше време Рон Аткинсон да си замине, тогаш немаше дилеми дали ќе го изберам Алекс.“

„Кога се сретнав со него, тој потврди дека сака да дојде во Манчестер Јунајтед. Тогаш се состанав со газдата на Абердин и веќе во наредниот ден се договоривме за услугите на Алекс. Тој не чинеше само 60 илјади фунти.“ - заврши Едвардс.

Вратите на ''Олд Трафорд'' за Тевез се затворени

Напаѓачот на Манчестер Сити, Карлос Тевез беше поврзан со евентуално враќање на „Олд Трафорд" но денеска сличен развој бил категорично одбиен од Манчестер Јунајтед.

Сер Алекс Фергусон не сака да слушне да работи повторно со Аргентинецот, а и „граѓаните“ немаат никаква намера да го враќаат својот главен стрелец на својот главен конкурент за титулата.

Тевез го напушти Јунајтед во 2009 година, откако ја заврши сагата околу себе и го обвини клубот дека не сака да го задржи. Потоа пак се појавија информации дека тој неколку месеци пред скандалот се договорил со „граѓаните".

И двете страни не се подготвени повторно да преговараат за него: „Карлос тренира со својот вообичаен ентузијазам и ќе се врати во игра за натпреварот против Евертон во понеделник."

„Клубот јасно го покажува односот и Карлос нема да оди никаде. Сега сакаме да се концентрираме на нашата цел - да победиме колку можеме повеќе натпревари до крајот на сезоната." - се вели уште во официјално мислење на тимот.

Јунајтед тргнува по Роналдињо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон во текот на јануарскиот преоден рок се обидува да го засили офанзивниот дел од средниот ред и како една од опциите се наведува трансферот на Роналдињо.

Откако стана јасно дека Бразилецот се подготвува во текот на јануари да го напушти Сан Сиро, Фергусон се заинтересирал и Роналдињо и според неименувани извори од клубот, тој сериозно размислувал да испрати понуда за негова преселба на Олд Трафорд.

Според истиот извор Фергусон сакал да го ангажира Роналдињо по секоја цена и доколку трансферот не се комплетира во текот на следниот месец тој е подготвен да го чека и по завршувањето на сезоната.