My Bloglist

петок, 1 октомври 2010

Сандерленд - Манчестер Јунајтед (Премиер лига, 7 коло)

"Стадион на светлината", 2 октомври, сабота, 16:00ч.


- Откако Јунајтед конечно и тоа против Валенсија, ја прекина црната серија од одиграни натпревари на гостински терен без победа совладувајќи ги шпанците со 1-0 во Лигата на шампионите, "црвените ѓаволи" овој пат му гостуваат на Сандерленд во обид црната серија да ја прекинат и кога е во прашање Премиер лигата. Фулам, Евертон и Болтон се тимовите кои му откинаа значајни бодови на Јунајтед, а според тоа како игра Сандерленд на почетокот од сезоната, тимот на Алекс Фергусон сериозно треба да си ја сфати работата доколку не сака и да му се случи уште едно такво разочарување.

- Добра вест која доаѓа од "Стадионот на светлината" е тоа што менаџерот на Сандерленд и поранешен играч а сегашна легенда на Јунајтед, Стив Брус мака мачи со повредени фудбалери... Па така за дуелот со Манчестер Јунајтед нема да смета на двајцата поранешни играчи на "бебињата", Кјерон Ричардсон и Фрејзер Кембел. Повредени се уште и Менса и Мејлер а Антоан Фердинанд е крајно неизвесен... Уште ако на тоа се надодаде и фактот што позајмениот Велбек нема право на настап против Јунајтед токму поради тоа што е позајмен од Јунајтед, Брус ќе има големи главоболки составувајќи го првиот тим...


- Кај Јунајтед ситуацијата е слична но резервите се далеку поквалитетни од оние на Сандерленд... Иако Алекс Фергусон нема да смета на Валенсија, Руни, Гигс Сколс и Харгрејвс сепак со истите не настапи и на дуелот со шпанците во средата па сепак успеаа да слават а притоа да не примат гол... На таа средба одлична партија пружи десниот бек на Јунајтед, Рафаел комплетно неутрализирајќи го брзиот и талентиран крилен фудбалер, Мата, па така за очекување е Фергусон одново да му укаже доверба.


- Она што е најголема неизвесност, а воедно и огромен плус или минус е настапот на Рио Фердинанд... Доколку биде во составот, јасно е дека одбраната на Јунајтед ќе има далеку полесна задача, отколку доколку биде без него, а од тоа стравуваат сите фанови на Јунајтед.


- Најголемата опасност по голот на Јунајтед би требало да доаѓа од Дарен Бент кој има постигнато 7 голови (5 во лигата) и игра во одлична форма. Во составот на Сандерленд ќе биде и Асамоа Гиан, одличниот напаѓач од Гана кој одигра одлично светско првенство.
Дарен Бент - Најголемата опасност по голот на Ван Дер Сар
 - Од Јунајтед највеќе се очекува од Бербатов кој исто така има постигнато 7 голови (6 во лигата) и од португалецот Нани, додека одличните Овен, Чичарито и Македа се очекува својата шанса да ја чекаат од клупата. Не е исклучена ниту можноста  некој од нив да се најде во првиот состав бидејќи според тоа како изиграа на последните натревари тоа несомнено го заслужуваат.
Дали ќе добие шанса да го бомбандира Сандерленд