My Bloglist

четврток, 29 декември 2011

Манчестер Јунајтед - Македонија IS BACK !!!



После скоро година дена, продолжуваме со работа на блогот и фејсбук фан страницата. Престанавме со работа поради тоа што некои од нашиве љути ривали од Ливерпул или Челзи ни ја хакнаа фејсбук фан страницата која имаше преку 4,000 фанови и блогов тоа време имаше голема посетеност скоро по 1000 посетители дневно, тогаш изгубив волја да продолжам со овој проект, но летово се решив да го рестартирам но поради недостаток на слободно време не можев да го рестартирам.Зошто се решив баш денеска да го рестартирам овој проект ? Епа седејќи на фб наидов на овој клип http://www.youtube.com/watch?v=VosPdk0WZ1A на кој толку многу се наежив и ме исполни со голема радост и гордост што сум фан на НАЈСИЛНИОТ тим на целиот свет Манчестер Јунајтед, ете затоа се решив да го рестартирам овој проект.
Но за жал на фејсбук започнуваме од 0, знам дека почетокот ќе биде тежок(секогаш е) но тоа е тоа.
Останете ми поздравени GGMU & LUHG !!!
Од утре продолжуваме со најновите вести, новости, шпекулации, трансфери и слично.
Следете не на новата страница на фејсбук : Манчестер Јунајтед - Македонија Фан Страна На Фејсбук

вторник, 8 февруари 2011

Чикарито - Играч на месецот


Можеби и не е некоја утеха за Хавиер Хернандез но по првиот пораз во лигата тој беше прогласен за играч на месецот од страна на официјалната веб страна на Манчестер Јунајтед

Во една од најтесните анкети на таа страница младиот Чикарито доби 45% од гласовите исто како и Бербатов, но го победи бугаринот за 69 од вкупно 33.000 гласови.

Рајан Гигс и Немања Видиќ беа на листата на ManUtd.com за Јануари - месец во кој црвените зедоа 13 од можни 15 поени и поминаа 2 кола од FA купот.

Хернандез на листата се најде по постигнувањето на одлучувачките голови на мечовите против WBA ( 2-1 ) и Southempton ( 2-1 ), но и по постигнувањето на изедначувачките голови против Stoke City ( 2-1 ) и Blackpool ( 3-2 ).

Ова е вторпат Чикарито да ја земе наградата за играч на месецот - тој исто така беше прогласен за играч на месецот Октомври.

сабота, 5 февруари 2011

Најцрниот ден: 6ти Февруари 1958


6ти Февруари засекогаш ќе остане заокружен на календарите на сите поврзани со Манчестер Јунајтед.

На тој ден во 1958, најцрниот ден во историјата на Јунајтед, 23 луѓе вклучувајќи и 8 играчи и 3 члена од персоналот на Манчестер Јунајтед претрпеа фатални повреди во несреќата на Минхенскиот аеродром.

21 член на советот починале веднаш, капетанот на авионот Кенет Рејмент почина неколку недели подоцна додека Данкан Едвардс - еден од осумте жртви од тимот почина 15 дена по несреќата. Несреќата е еден неизбришлив момент од историјата на Јунајтед.

По заздравувањето од повредите Сер Мат Базби се врати на сцената да изгради добар тим и го освои Евро Купот 10 години подоцна.

REST IN PEACE BUSBY BABES

WE WILL NEVER FORGET

Запрен е Јунајтед

Манчестер Јунајтед ја заврши серијата без пораз. Вечерва Волвес со пресварт славеше со 2-1.

Уште во 3 минута Флетчер асистираше за Нани  да постигне гол за водство на Јунајтед од 0-1.  

По 7 минути Елокоби се раваншираше. Постигна гол за реми, односно 1-1.

Доил беше фудбалерот кој го постави пресвартот. Во 40 минута веќе беше шокантно 2-1 за Волвс.

Првиот дел беше тежок за Јунајтед. Губеше 2-1 на полувреме.

Сепак во вториот дел се обиде Јунајтед да изеднали, но Волв успеа да се одрбани.

Сколс, Смалин и Хернандез влегоа на местата на Керик, Еван и Бербатов.

Манчестер Јунајтед и покрај поразот се задржа на првата позиција.                

Руни: Ние сме главни


Црвените одат на саботна чајанка кај „Волците“ ( Wolverhampton ) со водство од 5 бода пред Арсенал и 10 пред Челзи. Овонеделната регрутација на Фернандо Торес и Давид Луиз означува дека тие не смеат да бидат отпишани

„Секако дека не ги отпишавме, тие се силен тим, но ние не треба да гледаме тоа што тие го прават туку треба да се концентрираме на тоа што ние го правиме. Сега е на нас да одлучиме каде оди титулата па се надевам дека ќе ја освоиме пак назад„ - Изјави Руни за MUTV

На Јунајтед, Челзи и Арсенал им преостануваат по 14 натпревара и по импресивната победа над Астон Вила, Сер Алекс Фергусон е желен Јунајтед да ја задржи таа форма до крајот на сезоната.

петок, 4 февруари 2011

Откриена е тајната за успесите на Јунајтед

Според изјавата на еден од клупските физиотерапевти, Гери Армер една од тајните на успехот на Манчестер Јунајтед е редовниот престој на фудбалерите во солариум.

"Бидејќи живееме на дел од планетата каде има многу малку сончеви денови на играчите постојано им препорачуваме по тренингот да легнат под светилките на солариумот. Тоа трае не подолго од четири до пет минути што е доволно да добијат потребната доза на витаминот Д", рече Армер.

Според неговата изјава идејата е на менаџерот на Алекс Фергусон, а фудбалерите на "кварцање" одат два до три пати во неделата.

Невил ке остане во ''фамилијата'' Јунајтед

Сер Алекс Фергусон сака Гери Невил да остане дел од "фамилијата" Манчестер Јунајтед откако дефанзивецот објави пензија.

Гери Невил објави дека се пензионира од активно играње, Ферги има само пофални зборови за својот фудбалер и вели дека посакува тој да остане дел од "фамилијата" Манчестер Јунајтед.

"Сакаме тој да остане во клубот и да добие некоја улога тука" - изјави Сер Алекс Фергусон.

"Гери ќе остане во тимот, ќе тренира со нас кога и да посака. Следниот чекор на нашиот клуб е да му понуди улога од која тој ќе биде задоволен".

"Ние сме фамилијарен клуб, и чувствувам дека Гери Невил и во годините кои претстојат може да има голем допринос како што имаше и до сега. Тој ја креираше таа фамилијарна атмосфера во соблекувалната".

"За жал повредата на зглобот ги отежна работите за него. Доколку погледнете во изминатите четири години, тој немаше ништо друго освен повреди. Неверојатно беше како се враќаше од повредите".

"Мислам дека тој може да биде тренер, може да тренира млади категории во клубот. Гери е одличен пример за младите фудбалери".

Дали Руни ке биде одлучувачки за Јунајтед сезонава?

Сер Алекс Фергусон сака Вејн Руни да продолжи со перфорнасите и погодоците што ги продуцираше на средбата со Астон Вила и на тој начин да го предводи походот на Јунајтед по трофеи.

Англискиот интернационалец на поголемиот дел од средбите оваа сезона играше во очајно лоша форма но на дуелот со Астон Вила постигна два погодоци и потсети каков голгетер беше изминатата сезона.

Сер Алекс Фергусон за средбата со Вулверхемптон го има целиот состав на располагање но стратегот се надева дека Руни повторно да ја направи разликата.

Рафаел и Флечер би требало да бифат фит откако десниот бек заработи потрес на мозокот на средбата со Блекбул а Флечер на средбата со Астон Вила се пожали на инфекција на окото.

“Рафаел би трабало да биде ОК.” – рече Фергусон. “Тој тренираше и би требало да биде на располагање за средбата со Вулверхемптон.”

“Мислам дека немаме нови повреди од средбата во вторникот.”

“Флечер ќе направи нови тестови денеска. Проблем беше тоа што неговото око беше затворено и тој не можеше да ја гледа топката убаво. Моравме да го извадиме. Сигурен сум дека ќе биде ОК.”

Но според Ферги, Руни е онај што може да направи права разлика и Шкотот се надева дека напаѓачот ќе продолжи да ги тресе противничките мрежи: “Се надевам дека ќе биде така – и постојат шанси за тоа со оглед на погодоците кои ги постигна на средбата со Астон Вила.”

“Тој има уште 14 средби од Премиер Лигата, натпревари во Европа и средби од ФА Купот – па лесно може да стигне до добра бројка на погодоци.”

“Вејн секогаш имал фантастична енергија за играње на натпреварите. Тој секогаш го дава најдоброто. Бонус е, како што видовме на средбата со Астон Вила, двата постигнати погодоци.”

“Минатата сезона тој беше многу конзистентен и доколку и сега може да ја повтори таа конзистентност, Јунајтед ќе има голема корист од тоа.”

Нов договор за Евра ?


На Патрис Евра ќе му биде понуден нов договор до крајот на кариерата - пишуваат англиските весници. Левиот бек на Манчестер Јунајтед е мета на Реал Мадрид и Интер, но Сер Алекс Фергусон сака да му понуди договор со кој ќе го задржи на Олд Трафорд барем до 2014.
На французинот му преостануваат уште 18 месеци од стариот договор па Ферги сака да реагира брзо за да обезбеди еден од неговите клучни играчи на подолго време.
Евра дојде во Манчестер Јунајтед пред 5 години од Монако за цена од 7 милиони фунти и по доаѓањето во топ форма тој стана еден од најдобрите светски бекови на денешницава.


Весникот The Metro тврди дека Јунајтед ќе направи се што е можно за во летниот период да го донесе голманот на Ливерпул, Пепе Реина кој наводно е несреќен на енфилд по заминувањето на Торес. Сер Алекс Фергусон наводно го означил шпанецот како наследник на Едвин Ван дер Сар кој ќе се пензионира по крајот на сезонава.

четврток, 3 февруари 2011

„Црвените“ го потврдуваат официјалниот состав за ЛШ













Јунајтед го потврди нивниот состав за нокаут фазата од Лигата на Шампионите откако во вторникот од нив беше побарано да испратат листа со 25 фудбалери до УЕФА. Клубовите исто така можат да испратат и „Б“ листа со неограничен број на играчи родени на 1 Јануари 1989 или подоцна кои после својот петнаесети роденден најмалку 2 години играле за клубот.

Тимот на Сер Алекс Фергусон на 23 овој месец ќе патува во Франција каде против Марсеј на Stade Velodrome ќе го изигра првото коло од осмина-финалето на Лигата на Шампионите. Реваншот ќе се игра на 15ти Март на Олд Трафорд.

Ова е целосниот тим на Манчестер Јунајтед кој е регистриран за нокаут фазата на Лигата на Шампионите.

Голмани: Ван Дер Сар, Кушчак, Линдегард
Одбрана: Евра, Фердинанд, Браун, Смалинг, Видиќ, О'Шеј, Еванс, Рафаел*, Фабио* и Гил*
Средина: Андерсон, Гигс, Парк, Керик, Нани, Сколс, Флечер, Валенсија, Гибсон и Норвуд*
Напад: Овен, Бербатов, Руни, Хернандез, Обертан, Бебе, Кинг* и Кин*

играчите со * се наоѓаат на „Б“ листата

среда, 2 февруари 2011

Невил во пензија.



По дваесет години поминати како играч на Манчестер Јунајтед, славниот Гери Невил одличи да се пензионира.
Гери Невил потпиша за Манчестер Јунајтед во јули 1991, а во 1992 тој беше дел од генерацијата која го освои ФА Младинскиот Куп и после тоа тој стана првотимец заедно со неговите соиграчи Рајан Гигс, Пол Сколс, Ники Бат, Дејвид Бекам и неговиот брат Филип ( Фил ) Невил.
Во неговото време на Олд Трафорд, Гери изигра 602 натпревари и постигна 7 гола.
Гери изјави дека сака да им се заблагодари на неговите соиграчи и останатиот тим на Манчестер Јунајтед, но најмногу на Сер Алекс Фергусон бидејќи тој му пружил најмногу шанси и најголема поддршка во неговата дваесет годишна кариера.

Јунајтед се реваншираше на Астон Вила

Манчестер Јунајтед дома на "Олд Tтрафорд" одлично се реваншираше со фантастични 3-1.

Манчестер Јунајтед го даде својот најбрз гол во оваа сезона. Во 48 секунда Ван Дер Сар ја направи првата асистенција. Одлично го пронајде Руни а, тој прецизно го стрелаше голот на Фридел.

Во 34 минута Андерсон го напушти натпреварот. На негово место влезе Дарен Флетчер.

Манчестер Јунајтед целосно го надигра противникот. Руни повторно постигна гол. Во 45 минута Нани упати прецизен центаршут кон Руни.

Во првото полувреме Манчестер Јунајтед водеше со 2-0 против Астон Вила.

Бент успеа да го намали резултатот на 2-1. Астон Вила го стави неизвесен натпреварот.

Видич ја отргна неизвесноста. Руни одлично го проигра Видич, а дефанзивецот упати прецизен шут.

Асто Вила ги искористи сите 3 замени. Но и тоа не беше доволно.

Беа надополнети уште 3 минути. Судијата по 3 надополнети минути го досуди крајот на натпреварот. Манчестер Јунајтед 3-1 Астон Вила!

сабота, 29 јануари 2011

Наследник на Ван Дер Сар? - Мартен Стекеленбург

Последните вести од Англија велат дека голманот на Ајакс, Мартен Стекелнбург е цел број еден на Манчестер Јунајтед.

Откако и Ван дер Сар потврди дека ќе се пензионира по крајот од сезоната, Јунајтед и официјално ја започна потрагата по нов голман.

Неколку голмани се поврзуваа со преселба во Манчестер Јунајтед, меѓу кои Мануел Ноер од Шалке и Давид Де Геа од Атлетико Мадрид.

Сепак, според последните изјави од таборот на Манчестер Јунајтед, прва цел на клубот е сонародникот на Ван дер Сар, Мартен Стекелембург.

Тренерот во Јунајтед, Рене Меуленстен откри дека Стекелембург е прва цел на клубот.

"Стекелембург е голманот кој е топ на нашата листа од желби" - изјави Меуленстен за Voetbal International.

"Ние природно зборуваме многу меѓусебе за тоа кој треба да го замени Ван дер Сар"

Јунајтед незапирлив. Саутемтон совладан

Во четвртата рунда од ФА купот, Манчестер Јунајтед го доби Саутемтон. Во вечерашниот дуел го видовме и Андрес Линдегард, неговиот натпревар во дересот на "Црвените Ѓаволи".

Манчестер Јунајтед го доби неизвесниот дуел со Саутемтон со 1-2 во четвртата рунда од ФА купот.

Првото беше мирно полувреме, се до кај 45 минута кадешто Чаплов постигна гол за водство на домаќинот.

На крајот од првиот дел Манчестер Јунајтед замина со негатива од 1-0.

Во вториот дел Јунајтед ги направи сите 3 замени. Браун, Гигс и Нани влегоа во игра,а надвор излегоа Фабио, Гибсон иАндерсон.

ОВЕН беше човекот кој го донесе Јунајтед до реми. Во 65 минута го совлада на Саутемтон.

ЧИЧАРИТО го направи одличниот пресварт за водство на Манчесре Јунајтед од 1-2 во 76 минута.

На крајот беа дополнети 4 минути кој не беа доволни за гол.

петок, 28 јануари 2011

Според Гигс Фергусон уште 5 години ке биде во Јунајтед

Рајан Гигс верува дека Сер Алекс Фергусон уште долго време ќе биде на кормилото на Манчестер Јунајтед.

Шкотот веќе 25 години е менаџер на Манчестер Јунајтед и стратегот постојано вели дека ќе биде на менаџерската функција се додека го служи здравјето.

Гигс, кој 20 години соработува со Фергусон на Олд Трафорд, верува дека стратегот може и во следните пет години да биде предвоник на ’Црвените Ѓаволи’.

“Навистина не можам да видам како Фергусон во блиска иднина ја завршува својата кариера.” – рече Гигс. “Тој ќе продолжи, најмалку за уште пет години.”

“Неговата желба станува се посилна. По натпревар од Лигата на Шампионите се случува да си дојдеме дома во 3 часот наутро а само неколку часа подоцна Ферги ќе биде прв во тренинг центарот.”

“На почетокот од сезоната во клубот владееше вирус. Вирусот го фати и Ферги кој беше навистина болен, но кога игравме натпревар тој дојде и беше на клупата. Тој едноставно го сака предизвикот.”

Ван Дер Сар е човек за пример и почитување

Сер Алекс Фергусон има само пофални зборови за Едвин ван дер Сар откако денеска голманот на Јунајтед потврди дека ќе се пензионира по крајот на сезоната.

Холандскиот голман, Едвин ван дер Сар денеска објави дека ќе се пензионира по завршувањето на оваа сезона.

Фергусон има само пофални зборови за голманот на Јунајтед, вели дека тој е пример кој секој млад голман треба да го следи.

"Тој е пример за секој кој сака да стане голман" - вели Сер Алекс Фергусон.

"Едвин низ животот плови без никакви промени, тој никогаш не се променил, има константна природа. Тој е спокоен".

"Смирен е, среќен е со она што го постигнал во животот, не бара нешто повеќе, тој е толку добар човек".

Фергусон веќе му понуди тренерска позиција на Ван дер Сар, но голманот најави дека во наредните две години сака комплетно да се одмори и да се посвети на семејството.

Сепак, Ферги смета дека кога и да се врати, Ван дер Сар ќе биде значаен човек во фудбалот.

"Тој ќе земе пауза и го разбирам тоа, но ќе биде значаен кога и да му се врати на фудбалот".

Јунајтед тргнува по нов голман

Манчестер Јунајтед ќе тргне во потрага по нов голман откако Едвин ван дер Сар објави дека ќе се пензионира по крајот од сезоната.

Ветеранот, Едвин ван дер Сар синоќа го потврди она што сите го очекуваа, голманот објави дека ќе стави крај на играчката кариера по завршувањето на оваа сезона.

Тимот од Олд Трафорд во своите редови ги има Томаш Кушчак и Андрес Линдегард кои се надеваат дека ќе го добијат дресот со број 1.

Но се чините дека раководството на клубот не смета така, па Манчестер Јунајтед ќе тргне по нов, докажан голман.

Тренерот на голманите, Ерик Стил потрвди дека Црвените Ѓаволи имаат на пик тројца голмани, еден од нив се очекува да пристигне на Олд Трафорд во летниот преоден рок.

"Можеме да го замениме Ван дер Сар со некого од клубот, но се насичивме кон најдобрите опции, имаме една, две или три цели за кои мислиме дека можат да бидат достојна замена" - изјави Ерик Стил.

Дел од голманите со кои се поврзуваше Манчестер Јунајтед се, Мануел Ноер, Мартен Стекелембург како и големата надеж на шпанскиот фудбал, Давид де Геа.

Џиџи Буфон најави дека до крајот на кариерата ќе го носи дресот на Јувентус, а некои медиуми од Англија шпекулираат и за шокантен премин на Пепе Реина од Ливерпул во Јунајтед, но тоа е нешто што е далеку од реалноста.

Ван Дер Сар се пензионира по крај на сезоната

Едвин ван дер Сар потврди дека ќе се повлече од фудбалот по крајот на сезоната за да помине повеќе време со семејството.

Подолго време се сугерираше дека голманот на Манчестер Јунајтед летоска ќе се пензионира и Холанѓанецот сега ја потврди намерата да се повлече од фудбалот.

На почетокот од оваа сезона Сер Алекс Фергусон призна дека очекува оваа сезона да биде последна за 40 годишниот Ван дер Сар.

Фергусон исто така изрази желба да го задржи Ван дер Сар како дел од својот тренерски персонал но голманот вели дека ќе земе комплетна пауза од фудбалот по крајот на сезоната.

“Сега е време да посветам внимание на моето семејство.” – рече Ван дер Сар.

“Не можам со точност да кажам кога беше донесена ваквата одлука. Ајде да кажеме дека вакви мисли ми се вртеа низ глава откако Анемари имаше здравствени проблеми.”

“Таа успеа да се опорави. Одлучивме да останеме уште една година во Англија и престој во Манчестер Јунајтед.”

“Но, откако започна сезоната, мислите за кажување збогум започнаа да бидат почести.”

“Не ме прашувајте како и зошто, но одеднаш знаете. Тоа беше доволно.”

“Дојде времето да посветам големо внимание на моето семејство.”

За можноста да биде дел од тренерскиот персонал на ’Црвените Ѓаволи’ Ван дер Сар рече: “Ќе се обидам да имам 18 месеци или две години за самиот себе – а имам и семејство со кое можам да правам убави работи.”

Запрашан дали годините играле улога во одлуката за пензионирање, поранешниот холандски интернационалец рече: “Не, моите години не играа улога. Имам 40 години, но сеуште се чувствувам фит.”

среда, 26 јануари 2011

Јунајтед со пресварт го доби заостанатиот натпревар против Блекпул

Јунајтед со пресварт успеа да го совлада Блекпул, од заостанатиот натпревар од Премиер Лигата.


Јунајтед во петнаесетата минута не можеше да го запре фудбалерот на Блекпул-Каткарт кој постигна гол од корна.

Повторно Јунајтед беше совладан во четириесет и четвртата минута. Повторно Адам го изведе прецизно корнерот за Кембел.

Во првото полувреме Јунајтед беше надигран од стран на наеговиот противник Блекпул.

Јунајтед ги извади Гибсон и Руни, а во игра влегоа ЧИЧАРИТО и Гигс. Во седумдесет и втора минута Манчестер Јунајтед постигна гол заблагодарение на Бербатов.

Две минути подоцна Чичарито постигна гол за ДВА-ДВА. Во осумдесет и осмата минута Бербатов направи одличен пресварт за ДВА - ТРИ.  

Јунајтед и понатаму без пораз и сигурно прво место во Премиер Лигата.

сабота, 22 јануари 2011

Гигс сака да остане уште една година во Јунајтед

Рајан Гигс потврди дека планира и следната сезона да го носи дресот на Манчестер Јунајтед
37 годишниот Велшанец во последните неколку години добива едногодишен договор од ’Црвените Ѓаволи’ и вообичаено на пролет се носи одлуката дали Гигс ќе продолжи со играњето фудбал.

Гигс сега вели дека и понатаму се чувствува способен за настап на највисоко ниво па затоа очекува и следната сезона да го носи дресот на Манчестер Јуанјтед.

“Во моментов сум прилично среќен што сеуште играм и уживам во мојот фудбал исто како и во минатото.” – рече Гигс.

“Реков дека ќе продолжам да играм доколку сеуште уживам во фудбалот и доколку тренерот сеуште ме избира за настап.”

“Ќе имаме преговори за мојата иднина но јас со нетрпение очекувам да играм и следната година.”

Сеуште не е ставена временска рамка за преговорите помеѓу Јунајтед и Гигс но се очекува ветеранот да добие нов договор.

“Не знам кога преговорите ќе бидат комплетирани.”

“Ние бевме прилично релаксирани околу ова прашање во претходните години и вообичаено за кратко време се постигнуваше согласност.”

Гигс на средбата со Тотенхем го одигра 600от натпревар во Премиер Лигата и за ваквиот успех доби многу пофални зборови од Сер Алекс Фергусон.

“Добро е кога се слушаат пофални зборови од менаџерот.” – продолжи Гигс. “Тој прв ќе ми каже доколку не играм добро или доколку мојата форма не е добра. Разговараме многу и многу сме искрени еден кон друг.”

“Ми кажува кога нема да играм, имам одличен однос со него и затоа сеуште сум тука.”

Валенсија почна да трча

Сер Алекс Фергусон очекува Антонио Валенсија да се врати на терените кон крајот на следниот месец.

Интернационалецот од Еквадор го скрши и дислоцираше скочниот зголб во септември на средба против Ренџерс во Лигата на Шампионите.

Првичните прогнози говореа дека сезоната за Валенсија е завршена но подоцна беше утврден рехабилитационен план според кој играчот требаше да се врати на терените кон почетокот на март.

На денешната прес-конферанција, Сер Алекс Фергусон истакна дека Валенсија добро се опоравува од повредата и играчот би можел да се врати на терените кон крајот на следниот месец.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед рече: “На Валенсија му оди многу добро, започна со програмата за трчање.”

“Докторите дадоа зелено светло, па тој сега е под наша комплетна контрола и тоа се одлични вести.”

“Мислам дека кон финишот на февруари тој ќе може да се врати во првиот тим и тоа ќе биде голем плус за нас.”

Според Фердинанд на Јунајтед не му треба засилување

Рио Фердинанд смета дека Манчестер Јунајтед го има најсилниот состав во Премиер лигата и нема потреба од нови засилувања.

И покрај тоа што нивниот градски ривал постојано се засилува со скапи фудбалери, Рио Фердинанд смета дека Манчестер Јунајтед го има најсилниот состав во Премиер лигата.

"Кога ќе погледнам во соблакувалната, среќен сум со фудбалерите кои ги имам. Сигурен сум дека и менаџерот размислува така" - вели Рио Фердинанд.

"Доколку тој смета дека треба да се додаде нешто во составот, ќе застанам позади било која негова одлука. Но не гледам проблем во големината на составот. Доколку сите сме фит, го имаме најдобриот состав во лигата".

"Во средниот ред ги имаме Карик, Флечер, Сколс, Андерсон, Гигс, Парк, Нани, Валенсија, Харгривс. Тоа е изобилство од талент, а луѓето велат 'Немате доволно широк состав'. Но обидете се да одберете четворица од оваа листа, тешко е".

Целда на Линдегард е да биде прв голман на Олд Трафорд

Новиот голман на Манчестер Јунајтед, Андерс Линдегард вели дека се преселил на Олд Трафорд со цел да биде број 1. чувар на мрежата на Црвените Ѓаволи.

Сите информации велат дека Ван дер Сар по завршувањето на оваа сезона ќе објави пензионирање, па Сер Алекс Фергусон треба да одлучи кој ќе биде негов наследник.

Постојат шпекулации дека Јунајтед е во потрага по врвен голман иако веќе го ангажираа Данецот Андрес Линдегард.

Кушчак не ја крие желбата да биде број 1 голман во следната сезона, но ништо поразличен не е ниту Линдегард кој вели дека не дошол на Олд Трафорд за да седи на клупата.

"Сакам да бидам најдобар" - изјави Линдегард за Manchester Evening News.

"Сакам да бидам прв избор. Не сум тука бидејќи сакам да бидам на клупата. Не размислувам за ситуацијата на Едвин. Фокусиран сум само на мојата работа".

"Мојата цел е да бидам број еден голман на Манчестер Јунајтед. Но не размислувам многу на тоа во моментов".

"Единствено нешто на што размислувам е утрешниот тренинг. Но секогаш си поставувате цели кои сакате да ги остварите".

Фергусон на шега: Ке мамам со бразилците заради сличноста

Сер Алекс Фергусон вели дека може да мами со идентичните бразилски близнаци Рафаел и Фабио да Силва.

20-годишниот бразилски десен бек на Манчестер Јунајтед, Рафаел да Силва на дуелот со Тотенхем остро стартуваше врз Асу Екото по што заработи втор жолт картон, тоа значи суспензија од еден натпревар, а поради навредите кон судијата Мајк Дин дополнително беше казнет со 8 000 фунти.

Во англиските медиуми се појавија духовити конструкции како менаџерот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон може без проблеми да го игра Рафаел на дуелот со Бирмингем, единствено што треба да направи е да го внесе името Фабио во записникот, неговиот брат близнак.

"Би можел тоа да го сторам без проблеми. Нема шанси никој да открие. Веројатно браќата имаат и иста ДНК структура. Кој знае, можеби Рафаел не беше ни исклучен минатиот викенд. Помисливте ли на тоа?" - одговори Ферги на интересните прашања.

"Кога игравме кај Барнсли, двајцата играчи беа на теренот и судијата му покажа жолт картон на Фабио иако требаше тоа да биде Рафаел. Тогаш сфатив за можноста која ја имам".

"Еден ден би можел да заиграм со едниот во прво полувреме, а со другиот во второ полувреме без да потрошам измена".

Рафаел и Фабио да Силва се идентични, играат на иста позиција и ретко кој би можел да ги разликува.

Јунајтед со петарда против Бирмингам

Екипата на Манчестер Јунајтед ја пречека екипата на Бирмингам на свој терен, односно на "Олд Трафорд". Бербатов постигна одлични три гола, а Гигс и Нани по еден гол.

Уште во втора минута Гигс од корна прецизно го пронајде Ошеа, кадешто одлично во  шеснаесетникот асистираше за на глава за Бербатов. Бугаринот одлично со глава го совлада поранешниот соиграч Бен Фостер.

Во дваесеттите минути Керик се повреди и беше заменет со Дарон Гибсон. Бербатов повторно го совлада Фостер во триесет и  прва  минута.

На пред крајот од првиот дел, Гигс одлично ја погоди мрежата на Фостер и за 3-0. На полувреме Јунајтед поведе со 3-0.

Во педесет и трета минута Бербатов одново постигна гол, за хек трик и за си сигурно водство од  4-0.

Седумдесет и шеста минута беше последна минута со постигнат гол. Нани ја постави петардата во голот на Фостер.

Крајот заврши со победа на Манчестер Јунајтед, а Бирмингам беше изнемоштен за гол!

петок, 21 јануари 2011

Валенсија се враќа

Валенсија брзо се опоравува од неговата повреда на глуждот и оштетени лигаменти. Се очекува да се врати кон крајот на февруари.

Фергусон, враќањето  на Валенсија го гледа како голем потик за  тимот на Манчестер Јунајтед. Валенсија се здоби со повреда уште од минатата година, односно на натпреварот од Лигата на Шампиони против Ренџерс.

"Антонио Валенсија е добро сега и започна со својата програма и секој ден е со физиотерапеите. Тој е под целосна наша контрола. Ова е убава вест за нас"

"Мислам дека може да се врати кон крајот на февруари во првиот тим. Тоа е голема потик" -кажа Фергусон.

четврток, 20 јануари 2011

Керик: Не е време за одмор

Екипата на Манчестер Јунајтед моментално е прва во Англиската-Премиер Лига и со два натпревари помалце од останатите екипи.

Јунајтед поради лоши услови (снег) неможеше да ги одигра натпреварите против Блекпул и шампионот Челзи.

Јунајтед во сабота игра против Бирмингам на "Олд Трафорд", а во вторник заостанатиот натпревар против Блекпул.

Керик вели:
"Опасно е да се рече дека ние имаме два неодиграни меча и дека ни се гарантираат по 3 поени".

"Не смее да се омаловажуваат помалите екипи, бидејќи и тогаш треба да сте на штрек."

"Се разбира, ние сакаме се да е во ред и да победуваме. Но на крајот се се собира и ако сакате да бидете на врвот треба да бидете успешни. Ние сме подготвени за тоа"
  

понеделник, 17 јануари 2011

Овен го напушта Олд Трафорд?

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Мајкл Овен може да го напушти тимот во текот на зимскиот преоден рок кој е сеуште во тек.

Фудбалерот е тешка резерва во составот на Сер Алекс Фергусон и е четврти избор во нападот после Бербатов, Руни и Хавиер Хернандес. Имено токму поради тоа носителот на Златната Топка од 2001. година има веројатност да го напушти Олд Трафорд.

Интерес кон Овен пројавува тимот на Сандерленд, црните мачки веќе започнале да се допрашуваат до црвените ѓаволи за можноста да го привлечат напаѓачот во текот на зимската пауза.

Тие се спремни да му понудат место во почетниот состав и плата во висина од 25.000 фунти неделно со цел да се пресели на Стадионот на Светлината.

недела, 16 јануари 2011

Јунајтед без голови со Тотемхем

Манчестер Јунајтед го доби првото реми од Новата 2011 година. Во мегадербито од Англиската Премиер Лига, Тотемхем - Манчестер Јунајтед заврши без голови.

На Вајт Харт Лејн, се врати ветеранот Едвин Ван дер Сар, а боедно и Видич и Руни. Но сепак го видовме и Дејвид Бекам во поблика.  
 
Руни уште во втората минута имаше одлична шанса. Имаше уште шанси од страна на Бејл и од Рафаел Ван дер Варт.

Првото полувреме заврши без гол и без некоја поопасна шанса за гол. Манчестер Јунајтед 0-0 Тотемхем.

Во второто полувре во шеесет и прва минута Андерсон влезе на местото од Луис Нани.

Во седумдесет и четврта минута Рафаел доби втор жолт, односно црвен картон, а и Руни доби жолт картон поради протест.  

Во осумдесет и прва минута Чичарито влезе на местото од Бербатов. А истовремено и Дефу влезе на местото од Паласиос.

До крајот на мечот немаше промена во резултатот. Последниот свиреж на судијата го заврши натпреварот без ниеден гол.

Керик стравува од Тотенхем

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик призна дека е малку уплашен од претстојниот натпревар со тимот на Тотенхем во рамките на Премиер лигата.

Според него, спарси изградиле фантастичен тим, каков што немале веќе долго време и дека можат да му создадат доста потешкотии на црвените ѓаволи за време на натпреварот на Вајт Харт Лејн.

„Тотенхем игра во Лигата на Шампионите и се претставува повеќе од добро. Успеа да балансира и со добрите игри во Премиер лигата, нешто што не е лесно, особено кога не си навикнат со ваква програма“.

„Очекувам да ни создадат многу проблеми. Секогаш е тешко кога гостуваме таму. Убаво е што Тотенхем е дел од лидерите на Премиер лигата, тоа ја освежи конкуренцијата. За нас сепак е важно да победуваме, за да земеме три нови поени“.

„Хари Реднап изгради фантастичен тим. Можеби најдобриот во последните години. Сега сепак очекувањата кон тимот се големи и не знам дали ќе го издржат притисокот. Со сигурност имаат многу причини да се претставуваат добро, но најважното е да ја зачуваат добрата форма“, смета поранешниот фудбалер на спарси.

Фергусон неможе да се помири за Бејл

Манаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, призна дека ја пропуштил шансата да го ангажира сегашниот фудбалер на Тотенхем Герет Бејл во 2007 година.

„Пробавме да го ангажираме Бејл кога имеше 17 години, но никогаш не стигнавме до преговори со самиот фудбалер. Саутемптон не ја прифати нашата понуда и контактираа со Тотенхем. Не се сеќавам на сите понудени услови, но секогаш пробувате да дадете најдобра можна понуда. Ние испративме добра но тие сепак ја одбија“, изјави Фергусон за англиските медиуми.

Бејл во моментов е најдобар играч на Оастровот, а Роберто Манчини изјави дека Тотенхем би можел да изгуби половина од својот потенцијал, ако ја продадат првата ѕвезда во екипата.

Фергусон во моментов бара замена за Рајан Гигс кој со години играше на левото крило.

„Бејл дојде во Тетенхем како лев бек и Реднап му ја најде позицијата во склад со неговиот талент, глемата брзина и прекрасните центаршутеви. Ван дер Ваарт е исто така добро засилување за нив, но без сомнеж Бејл е прв. Ние ќе инвестираме во иднината на Јунејтед, а Бејл сеуште има само 20 години“, мудро заклучува големиот Ферги.

Јунајтед го сака Бускетс

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го доведе играчот за врска на Барселона, Серхио Буркетс.

Менаџерот на „црвените ѓаволи" Алекс Фергусон добил информации дека преговорите за новиот договор на Бускетс со Барса се во застој и планирал да го искористи тоа.

Според информациите Бускетс и шефовите на Каталонците не успеваат да се разберат за нов договор бидејќи фудбалерот сака значително зголемување на платата.

Сегашниот договор на 22-годишниот играч истекува во 2013 година, а Јунајтед ќе излезе со официјална понуда за него најверојатно во идното лето. Дотогаш, сепак е поверојатно Бускетс да постигне договор со Сандро Росен и да остане на „Ноу Камп“.

среда, 12 јануари 2011

Кушчак има желба да биде голман број 1 на Олд Трафорд

Томаш Кушчак сака да си осигура долгорочна иднина на Олд Трафорд и да биде голманот број 1 на Манчестер Јунајтед.

Интернационалецот од Полска беше стартер на последните три натпревари во отсуство на повредениот Едвин ван дер Сар, голманот посакува да го замени Холанѓанецот на перманентна основа.

Се очекува Ван дер Сар да стави крај на кариерата по крајот на сезоната и многумина се сомневаат дека Кушчак поседува квалитет за да го наследи Ван дер Сар.

Сепак, откако успеа да ја зачува својата мрежа на ФА Куп средбата со Ливерпул, Кушчак изрази желба да ги покаже своите способности за да го наследи Ван дер Сар.

“Секој натпревар е многу значаен за мене.” – рече Кушчак.

“Сакам да покажам дека можам да го наследам Едвин. Ние помладите играчи, потребно е да бидеме подготвени.”

“Кога играме, мораме да играме многу добро.”

Кушчак се поврзува со позајмица во Лестер Сити но Пољакот е фокусиран само на тоа како да добива поголема минутажа на Олд Трафорд.

“Има многу шпекулации за мојата иднина но јас се надевам дека ќе можам да добијам поголема минутажа во Манчестер Јуанјтед.”

“Секогаш имало голема конкуренција во овој клуб и секогаш ќе има. Така се одвиваат работите во фудбалот.”

“Јас само сакам да одиграм добро секогаш кога ќе ми се укаже шанса. Тоа ќе ми обезбеди иднина во Манчестер Јунајтед.”

Сепак и покрај големата желба, Кушчак има мали шанси за станување голман број 1 на Олд Трафорд со оглед на тоа дека Сер Алекс веќе го ангажираше Андерс Линдегард а ’Црвените Ѓаволи’ додатно се поврзуваат и со Рене Адлер и Мануел Ноер.

вторник, 11 јануари 2011

Видиќ и Руни спремни против Тотемхем

Вејн Руни и Немања Видиќ поради повреда ја пропуштија четвртата рунда од Фа купот. Но се очекува во натпреварот против Тотемхем да се вратат.      

Немања Видиќ се здоби со мала повреда на тренинг и поради тоа го пропушти последниот натпревар.

Вејн Руни се пожалил на повреда уште од натпреварот од Премиер Лигата противв ВБА, каде постигна гол.

Едвин Ван дер Сар поради грип ги пропушти последните три натпревари на Јунајтед. Се очекува уште седум дена да биде надвор од терените.

недела, 9 јануари 2011

Јунајтед и понатаму без пораз. Ливерпул на колена.

Во четвртата рунда од ФА купот Јунајтед го совлада Ливерпул со минимални 1-0, но сепак значајни за продолжување во купот.

Манчестер Јунајтед веднаш го нападна Ливерпул. Уште во првата минута одлично упатија топка за Бербатов во шеснаесетнкиот, каде одлично ја намами одбраната на Ливерпул на пенал.

Пеналот го изведе Рајан Гигс. Иако Реина ја прочита страната немаше среќа да го одбрани шутот на Велшанецот.

Во девета минута Флетчер доби жолт кртон. Торес имаше шанса со глава, но не беше прецизен. И Макси Родригез упати шут, кој сепак беше неуспешен. Исто и Џерард упати непрецизен шут.

Во триесет и трета минута, играта заврши за Стивен Џерард, поради што доби директен црвен картон.

Нани имаше убава шанса за гол, но не успеа да го совлада Реина. Со црвениот картон на Џерард,  Јунајтед се закани на неколку пати, но немаше среќа.

Се надополнија уште три минути, но не оставија голема опасност за постигнување на гол и промена на резултатот.

Во вториот дел Ливерпул направи две замени. И Манчестер направи три минути подоцна.
Андерсон влезе на местото на Флетчер. Еддна минута подоцна Андерсон доби жолт картон.

Во седумдесет и пета минута Овен влезе на местото од Чичарито. Најдобриот напаѓач на Ливерпул-Торес излезе. На негово место влезе Н гог.

При крајот во осумдесет и четврта минута Смолинг влезе на местото од Еванс. Овен имаше шанса но не ја искористи да постигне гол. И Евра имаше шанса.

Повторно беа надополнети три минути. Но немаше голема закана за промена на резултатот.
Јунајтед и понатаму без пораз. Одлично ја продолжува Новата година.



  

Македа на позајмица во Самдорија

Италијанскиот клуб Самдорија, ја потврди позајмицата на Македа од Манчестер Јунајтед во  своите редови.

Македа го видовме на седум натпревари и постигна само еден гол. Фергусон мисли дека подобро е да има поголема минутажа, за разлика од на Манчестер Јунајтед каде немаше многу настапи.  


Самдорија изјави дека Македа може да биде стартер и на натпреварот против Рома во Италјанската Лига-Сериа А.

Амос на позајмица

Младиот резервен голман на Манчестер Јунајтед, Бен Амос остатокот од сезоната ќе биде позајмен во Олдам Атлетик.

Бен Амос има три настапи  за Манчестер Јунајтед, кој најзначаен е натпреварот од Лигата на Шампионите, против Валенсија.

Бен Амос беше позајмен во Питерборо и Молде, а сега и во Олдам Атлетик.
Покрај заминувањето на Амос има шпекулации за доаѓање на нов голман во Јунајтед.

четврток, 6 јануари 2011

Фергусон се обидува да го игнорира критичарите

Сер Алекс Фергусон верува дека Манчестер Јунајтед е лесна цел за критики и им порачува на своите фудбалери да се сконцентрираат само на играта и да ги игнорираат оние кои се сомневаат во овој тим.

Манчестер Јунајтед синоќа го победи Стоук на Олд Трафорд со 2-1. Црвените Ѓаволи не се поразени по 20 одиграни натпревари во Премиер лигата оваа сезона.

И покрај тоа што се на чело на табелата и немаат пораз, многумина веруваат дека овој Манчестер Јунајтед е послаб од тимовите на Фергусон во минатото.

Фергусон ги игнорира ваквите коментари и сака фудбалерите да се сконцентрираат само на играта.

"Ние сме лесна цел за вакви работи" - изјави Ферги по синоќешниот натпревар.

"Но потребно е само да го игнорираме тоа и да се фокусираме на нашите амбиции а тоа е да ја освоиме лигата".

На дуелот против Стоук, Фергусон ги одмори Фердинанд и Руни кои се здобија со ситни повреди на зглобот во натпреварот против ВБА.

Хавиер Ернандез ја искористи шансата и уште еднаш покажа дека може да биде голем фудбалер за иднината на Јунајтед, со добрите настапи Мексиканецот му создава главоболки на Ферги при изборот на напаѓачката двојка.

"Се разбира тоа ми прави проблем кога Вејн е фит и подготвен за настап".

"Но тоа се вид на проблеми какви што сакате да имате. Низ годините, напаѓачите што сум ги имал секогаш ми создавале вакви проблеми".

"Тоа е работата на Чичарито. И колку долго успева да ги тресе противничките мрежи, толку ми создава ваков тип на проблеми".

Фергусон има пофалби и за Крис Смалинг кој го имаше првиот старт во Премиер лигата за Јунајтед.

"Крис Смалинг беше одличен. За 20 годишен фудбалер одигра многу добро".

"Задоволен сум со неговиот напредок. Тој сигурно е иднина на овој клуб".

Јунајтед ке се подмладува по крајот на сезоната

Минимум шестмина играчи на Манчестер Јунајтед најверојатно ќе го напуштат Олд Трафорд по крајот на сезоната, независно од тоа дали црвените ѓаволи ќе ја освојат титулата или не.

Според информациите до кој дојде англискиот таблоид Мирор, листата на фудбалери кои ќе го напуштат Олд Трафорд се: Едвид ван дер Сар, Томаш Кушчак, Вес Браун, Гери Невил, Овен Харгривс и Мајкл Овен.

Како што е извесно, ветераните Ван дер Сар и Гери Невил потпишуваат едногодишни договори на крајот од секоја сезона, со оглед на нивната возраст. 40-годишниот голман продолжува да брани на високо ниво, но индикациите се дека по секоја веројатност тој ќе стави крај на кариерата по крајот на оваа сезона.

Гери Невил пак е далеку од добрата форма и исто така најверојатно нема да го продолжи договорот. Истото може да се каже и за формата на Вес Браун, кој се поретко се наоѓа на списокот на Сер Алекс Фергусон.

Томас Кушчак, за кого многумина мислат дека нема доволно квалитети да го носи дресот на ѓаволите пред извесно време објави дека сака сериозен разговор со менаџерот во однос на својата иднина. Проблемот на Харгривс се постојаните повреди, можно е тој да стави предвреме крај и на својата кариера.

Мајк Овен исто така често го мачат повреди, а големата конкуренција во редот за напад на Олд Трафорд ќе го принуди да си ја побара среќата во друг тим од Премиер Лигата.

Останатите двајца ветерани на Ферги - Пол Сколс и Рајан Гигс се очекува да останат уште една сезона во тимот.

вторник, 4 јануари 2011

Јунајтед претежок за Стоук

Манчестер Јунајтед одлично ја продолжи Новата 2011 година. Славеше против Cтоук со 2-1 на "Олд Трафорд".

Со оваа победа Манчестер Јунајтед и понатаму е на врвот од табелата. Головите ги постигнаа Нани и Чичарито.

Јунајтед одлично почна. Немаше многу прекини во првиот дел освен, одличниот гол на Чичарито под асистенција на Нани во 27 минута.

На полувреме Манчестер Јунајтед замина со гол предност против екипата на Стоук Сити, со голoт на Чичарито.

Во 50 минута Јунајтед киксна и Стоук го употребија киксот за да изедначат. Тунчај асистираше за Вајтхед.

Но 12 минути траеше радоста на Стоук. Нани се ревансираше. Во 62 минута, Чичарито додаде пас кон Нани, каде тој прецизно го совлада Бегович.

Стоук направи три замени кои немаа големо значење за променување на резултатот. И Манчестер направи замени.


Керик влезе на местото од Гибсон,а Овен го заменуваше Чичарито. На крајот Манчестер Јунајтед го победи тимот на Стоук и остана на врвот од Премиер Лигата. 

Кака шокантно ке биде позајмен во Јунајтед?

Бразилската мегазвезда на Реал Мадрид - Рикардо Кака, е на пат да го засили англискиот гигант Манчестер Јунајтед.

Како што е познато, Бразилецот се лекува долго време од повреда и се врати во тренинг кампот пред 2 недели, а неговото име постојано се поврзува со шампионот на Италија, Европа и на светот - Интер.

Според информациите Кака би преминал на „Олд Трафорд" на позајмица до крајот на сезоната, како неговиот договор ќе има опција за купување. Цената која ја бараат од „кралскиот клуб" за Кака е околу 50 милиони фунти.

Од „белите " веќе потврдија дека се подготвени да се разделат со поранешниот ас на Милан, а во исто време изразија желба во своите редови да доведат некој од Димитар Бербатов или Вејн Руни.

Фергусон ги нападна агентите заради нивната алчност

За 24 години колку што е на клупата на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон се наслушал и нагледал се и сешто, но се чини дека на шкотскиот менаџер најмногу му сметаат агентите, па во разговор со новинарите на „Гардијан“ издвои неколку интерсни приказни од преговарачката маса.

Фергусон не така одамна се најде во неприлика со Вејн Руни за кој вели дека премногу го слушал својот агент, па затоа трансфер агентите се последните ликови кои Фергусон сака да ги гледа во своите канцеларии.

„Еден агент бараше клубот да купи еден цел станбен блок, само неговиот играч да се согласи да дојде, сега не би издвојувал имиња, тоа и не е толку важно колку податокот до каде се спремни тие луѓе да одат. Еве земете го пример Руни. Мислам дека слушаше погрешни луѓе, а кога виде каков впечаток остави на луѓето покрај него, тогаш свати дека прави голема грешка“, вели Фергусон.

Менаџерот на Манчестер мисли и дека агентите имаат големо влијание и на платите на фудбалерите, и дека многу од нив неправедно ги заработуваат парите.

„Ужасно ми е кога ќе ми се јават менаџерите и ќе ми речат дека имаат за мене тој и тој играч кој вреди милион фунти, а тој пак не знае ни патиките да ги врзи. Жалостен е моментот кога менаџерите прават чуда само да му продадат на некој клуб играч за скапи пари, а никој не знае зошто е тоа така. Затоа кај мене во тимот се знае и кој што прави и колку е платен за тоа“изјавува Сер Алекс и додава дека е многу добро што тој повеќе нема теска соработка со менаџерите.

„Јас за среќа немам директен контакт со нив, во клубот е тоа работа на нашиот извршен директор Дејвид Џил.Верувајте ми тоа е многу тешка работа. Агентите имаат фантазија која ги поминува сите граници“, отценува Фергусон.

понеделник, 3 јануари 2011

Ван Дер Сар го доведе својот син во Јунајтед

Синот на чуварот на мрежата на Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар - Џо, беше доведен во детскиот тим на „црвените ѓаволи".

11-годишното дете било запишан од татко му во центарарот за обука во Керингтон, каде што и самиот Едвин тренира секој ден, за да тренира со првиот тим на Манчестер Јунајтед.

Исто како татко му, малиот Џо е ориентиран кон позицијата меѓу стативите и очигледно сака да оди по стапките на татко му.

„На почетокот на Џо му се допаѓаше да е во нападот, но во последно време почна да застанува на голот. Но, тоа не е нешто лошо." - со насмевка коментира татко му.

Рио со првиот фаул од Април 2010 година

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд официјално е број 1 за чиста игра во Премиерлигата.

Англискиот репрезентативец е навистина „црвен ѓаволи", како што е прекарот на клубот за кој игра, но всушност се чини дека на теренот тој е повеќе од вистинско ангелче.

Неговиот фаул против Џером Томас на ВБА во саботниот натпревар помеѓу двата тима е негов прв прекршок од Април, минатата година.

Самиот фудбалер од своја страна изрази жалење дека го фаулирал играчот на Вест Бромвич и на тој начин е прекинал позитивната серија без нерегуларности.

„Кога го фаулирав Томас веднаш си помислив: „О, не, првиот фаул.“ Секогаш се обидувам да играм чисто и така ќе продолжам во иднина." - рече капитенот на Англија.

Бербатов ке добие 3 годишен договор и поголема плата

Голгетерот на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов почнува преговори со клубот за нов договор, денес „Manchester Evening News“ ги откри и параметрите на новиот договор.

Според изданието раководството на „црвените ѓаволи" ќе му предложи на Берба нов тригодишен договор со подобрени финансиски услови, па на Бугаринот ќе му биде предложена плата од 120 000 фунти неделно.

Прекрасната форма и 15-те гола на Бербатов од почетокот на сезоната се главната причина поради која од „Олд Трафорд" се замислија да го награда голгетерот на тимот во оваа сезона со нов договор и на тој начин конечно да стават крај на сите шпекулации околу неговата иднина. Од Јунајтед се сигурни дека нема да има никакви проблеми околу преговорите за новиот договор, откако самиот Бербатов изјави дека неговата желба е да ја заврши кариерата на „Олд Трафорд".

Актуелниот договор на Фудбалерот број еден во Бугарија за 2010 истекуваше по 18 месеци, а во последниот период многу клубови се поврзуваа со неговите услуги.

Руни во аут две недели

Манчестер Јунајтед успеа да освои три бода на гостувањето против Вест Бромвич Албион, но на крајот остана без напаѓачот, Вејн Руни, кој повторно се повреди.

Руни на овој меч успеа да се запише во листата на стрелците и да асистира при постигнувањето на вториот гол, но на крајот тој се пожали на повреда на скочниот зглоб и според првите процени на лекарите тој ќе мора да паузира најмалку две недели.

сабота, 1 јануари 2011

Џилардињо нова трансфер цел на Фергусон

Манчестер Јунјатед сериозно се вклучил во трката за напаѓачот на Фиорентина и италијанската репрезентација, Алберто Џилардињо.

Јувентус веќе подолго време се поврзува со италијанскиот напаѓач, но сега добива сериозна конкуренција бидејќи Алекс Фергусон се вклучува во трката за 28-годишниот напаѓач.

Наводно шкотскиот стручњак не е задоволен со осцилацијата на формата на Димитар Бербатов, па сака да има уште еден напаѓач со слични каратеристики и е сериозно заинтересиран за Џилардињо чија вредност се проценува на околу 15 милиони евра.

Италијанските медиуми пишуват дека младиот напаѓач Федерико Македа би можел да биде дел од овој трансфер, бидејќи неговото враќање во Италија е веќе на повидок.

Еден од заинтересираните клубови за 19-годишниот напаѓач е и Фиорентина, која сака да го донесе на позајмица, па тоа би можело да се искористи како дел од трансферот на Џилардињо на Олд Трафорд.

Јунајтед со победа во Новата година

Тимот на Сер Алекс Фергусон со победа ја започна Новата година, совладувајќи ја екипата на Вес Бромвич Албион. Јунајтед победи со 1-2.

Уште на почетокот, односно во 3 минута, Евра одлично асистираше за Вејн Руни да постигне гол за водство на Јунајтед.

Но и Вес Бромвич Албион не седеше мирно. Во 14 минута Морисон постигна гол за изедначување.

Во продолжение од 1 дел немаше уште некој гол, но имше неколку добри шанси. Јунајтед и ВБА првиот дел го завршија со по 1 гол.

Во вториот дел имаше повеќе замени. Во 61 минута Обертан се замени со Гибсон, а Бербатов остави простор за Хернандез. Исто и ВБА направи 2 замени. Во 75 минута Невил излезе, а на негово место влезе Фабио.
Во 75 минута Руни асистираше за Чичарито да постигне гол. Со ова беше постигнат одличен гол.

Во 83 минута Чичарито доби жолт картон,а за 1 минута и Фабио. Во 90 минути Видич доби жолт картон. По 90 минути се надополнија и 5 минути. Со последниот свиреж на судијата Јунајтед ја започна одлично Новата година.