My Bloglist

сабота, 21 август 2010

Фулам - Манчестер Јунајтед (2 коло)

Кревин Котиџ, 21 август, недела, 17:00ч.



Манчестер Јунајтед влегува во дуелот со Фулам полн со самодоверба по стартните две победи против Челси (во черити шилд купот) и Њукасл (во првото коло од премиер лигата).

Сепак, вредно е и да се напомене дека "бебињата" одмазнички ќе бидат настроени поради ланските 3-0 за лондончаните на истиот овој стадион со што може да се каже дека тој реезултат индиректно влијаеше врз крајниот распоред на табелата во минатата сезона. Во тој дуел "црвените ѓаволи" се соочија со огромен проблем во одбраната бидејќи повредена беше скоро цела прва постава па и резервите, па така одбранбената линија ја сочинуваа Де Лает, Флечер, Карик и Евра. Овој пат Фергусон ќе го нема тој проблем бидејќи освен Харгрејвс, Андерсон (кои и онака се одамна на листата на повредени) и Фердинанд на располагање ќе ги има сите преостанати фудбалери... Па така за очекување е дека Ферги ќе настапи во следниот состав: Ван Дер Сар; О'ши, Видич, Еванс, Евра; Валенсија, Сколс, Флечер, Нани; Бербатов, Руни.

За Фулам, главната опасност по голот на Ван Дер Сар се очекува да биде Боби Замора, а добрата вест за лондончаните е секако и враќањето на Шварцер на голот по опоравувањето од повредата.

Немања Видиќ го потпиша новиот договор

Немања Видиќ вчера потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед, кој со клубот од "Олд Трафорд" го врзува до 2014. година.

Договорот беше уште претходно најавен, а сега е потврден и со ставање на потписот на новиот договор.

"Многу сум среќен поради новиот договор. Дојдов во клубот уште кога бев млад играч и значително се развив со помош на тренерот, стручниот штаб и моите соиграчи. Имавме многу успеси од кога дојдов во клубот и се надевам дека така и ќе продолжиме и следните сезони." - изјавил Видиќ по потпишување на договорот.

Презадоволен од останувањето на Србинот во Јунајтед бил и тренерот Алекс Фергусон.

"Овој потпис ќе стави крај на сите глупави гласини кои се појавија изминатиот месец. Немања се разви во еден од најдобрите дефанзивци во Европа и среќни сме што ќе биде овде и следните години" - рекол Фергусон.