My Bloglist

сабота, 22 јануари 2011

Гигс сака да остане уште една година во Јунајтед

Рајан Гигс потврди дека планира и следната сезона да го носи дресот на Манчестер Јунајтед
37 годишниот Велшанец во последните неколку години добива едногодишен договор од ’Црвените Ѓаволи’ и вообичаено на пролет се носи одлуката дали Гигс ќе продолжи со играњето фудбал.

Гигс сега вели дека и понатаму се чувствува способен за настап на највисоко ниво па затоа очекува и следната сезона да го носи дресот на Манчестер Јуанјтед.

“Во моментов сум прилично среќен што сеуште играм и уживам во мојот фудбал исто како и во минатото.” – рече Гигс.

“Реков дека ќе продолжам да играм доколку сеуште уживам во фудбалот и доколку тренерот сеуште ме избира за настап.”

“Ќе имаме преговори за мојата иднина но јас со нетрпение очекувам да играм и следната година.”

Сеуште не е ставена временска рамка за преговорите помеѓу Јунајтед и Гигс но се очекува ветеранот да добие нов договор.

“Не знам кога преговорите ќе бидат комплетирани.”

“Ние бевме прилично релаксирани околу ова прашање во претходните години и вообичаено за кратко време се постигнуваше согласност.”

Гигс на средбата со Тотенхем го одигра 600от натпревар во Премиер Лигата и за ваквиот успех доби многу пофални зборови од Сер Алекс Фергусон.

“Добро е кога се слушаат пофални зборови од менаџерот.” – продолжи Гигс. “Тој прв ќе ми каже доколку не играм добро или доколку мојата форма не е добра. Разговараме многу и многу сме искрени еден кон друг.”

“Ми кажува кога нема да играм, имам одличен однос со него и затоа сеуште сум тука.”

Валенсија почна да трча

Сер Алекс Фергусон очекува Антонио Валенсија да се врати на терените кон крајот на следниот месец.

Интернационалецот од Еквадор го скрши и дислоцираше скочниот зголб во септември на средба против Ренџерс во Лигата на Шампионите.

Првичните прогнози говореа дека сезоната за Валенсија е завршена но подоцна беше утврден рехабилитационен план според кој играчот требаше да се врати на терените кон почетокот на март.

На денешната прес-конферанција, Сер Алекс Фергусон истакна дека Валенсија добро се опоравува од повредата и играчот би можел да се врати на терените кон крајот на следниот месец.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед рече: “На Валенсија му оди многу добро, започна со програмата за трчање.”

“Докторите дадоа зелено светло, па тој сега е под наша комплетна контрола и тоа се одлични вести.”

“Мислам дека кон финишот на февруари тој ќе може да се врати во првиот тим и тоа ќе биде голем плус за нас.”

Според Фердинанд на Јунајтед не му треба засилување

Рио Фердинанд смета дека Манчестер Јунајтед го има најсилниот состав во Премиер лигата и нема потреба од нови засилувања.

И покрај тоа што нивниот градски ривал постојано се засилува со скапи фудбалери, Рио Фердинанд смета дека Манчестер Јунајтед го има најсилниот состав во Премиер лигата.

"Кога ќе погледнам во соблакувалната, среќен сум со фудбалерите кои ги имам. Сигурен сум дека и менаџерот размислува така" - вели Рио Фердинанд.

"Доколку тој смета дека треба да се додаде нешто во составот, ќе застанам позади било која негова одлука. Но не гледам проблем во големината на составот. Доколку сите сме фит, го имаме најдобриот состав во лигата".

"Во средниот ред ги имаме Карик, Флечер, Сколс, Андерсон, Гигс, Парк, Нани, Валенсија, Харгривс. Тоа е изобилство од талент, а луѓето велат 'Немате доволно широк состав'. Но обидете се да одберете четворица од оваа листа, тешко е".

Целда на Линдегард е да биде прв голман на Олд Трафорд

Новиот голман на Манчестер Јунајтед, Андерс Линдегард вели дека се преселил на Олд Трафорд со цел да биде број 1. чувар на мрежата на Црвените Ѓаволи.

Сите информации велат дека Ван дер Сар по завршувањето на оваа сезона ќе објави пензионирање, па Сер Алекс Фергусон треба да одлучи кој ќе биде негов наследник.

Постојат шпекулации дека Јунајтед е во потрага по врвен голман иако веќе го ангажираа Данецот Андрес Линдегард.

Кушчак не ја крие желбата да биде број 1 голман во следната сезона, но ништо поразличен не е ниту Линдегард кој вели дека не дошол на Олд Трафорд за да седи на клупата.

"Сакам да бидам најдобар" - изјави Линдегард за Manchester Evening News.

"Сакам да бидам прв избор. Не сум тука бидејќи сакам да бидам на клупата. Не размислувам за ситуацијата на Едвин. Фокусиран сум само на мојата работа".

"Мојата цел е да бидам број еден голман на Манчестер Јунајтед. Но не размислувам многу на тоа во моментов".

"Единствено нешто на што размислувам е утрешниот тренинг. Но секогаш си поставувате цели кои сакате да ги остварите".

Фергусон на шега: Ке мамам со бразилците заради сличноста

Сер Алекс Фергусон вели дека може да мами со идентичните бразилски близнаци Рафаел и Фабио да Силва.

20-годишниот бразилски десен бек на Манчестер Јунајтед, Рафаел да Силва на дуелот со Тотенхем остро стартуваше врз Асу Екото по што заработи втор жолт картон, тоа значи суспензија од еден натпревар, а поради навредите кон судијата Мајк Дин дополнително беше казнет со 8 000 фунти.

Во англиските медиуми се појавија духовити конструкции како менаџерот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон може без проблеми да го игра Рафаел на дуелот со Бирмингем, единствено што треба да направи е да го внесе името Фабио во записникот, неговиот брат близнак.

"Би можел тоа да го сторам без проблеми. Нема шанси никој да открие. Веројатно браќата имаат и иста ДНК структура. Кој знае, можеби Рафаел не беше ни исклучен минатиот викенд. Помисливте ли на тоа?" - одговори Ферги на интересните прашања.

"Кога игравме кај Барнсли, двајцата играчи беа на теренот и судијата му покажа жолт картон на Фабио иако требаше тоа да биде Рафаел. Тогаш сфатив за можноста која ја имам".

"Еден ден би можел да заиграм со едниот во прво полувреме, а со другиот во второ полувреме без да потрошам измена".

Рафаел и Фабио да Силва се идентични, играат на иста позиција и ретко кој би можел да ги разликува.

Јунајтед со петарда против Бирмингам

Екипата на Манчестер Јунајтед ја пречека екипата на Бирмингам на свој терен, односно на "Олд Трафорд". Бербатов постигна одлични три гола, а Гигс и Нани по еден гол.

Уште во втора минута Гигс од корна прецизно го пронајде Ошеа, кадешто одлично во  шеснаесетникот асистираше за на глава за Бербатов. Бугаринот одлично со глава го совлада поранешниот соиграч Бен Фостер.

Во дваесеттите минути Керик се повреди и беше заменет со Дарон Гибсон. Бербатов повторно го совлада Фостер во триесет и  прва  минута.

На пред крајот од првиот дел, Гигс одлично ја погоди мрежата на Фостер и за 3-0. На полувреме Јунајтед поведе со 3-0.

Во педесет и трета минута Бербатов одново постигна гол, за хек трик и за си сигурно водство од  4-0.

Седумдесет и шеста минута беше последна минута со постигнат гол. Нани ја постави петардата во голот на Фостер.

Крајот заврши со победа на Манчестер Јунајтед, а Бирмингам беше изнемоштен за гол!