My Bloglist

вторник, 19 октомври 2010

Фергусон изјави: Руни сака да си оди

Ѕвездата на Јунајтед им открил на своите соиграчи дека сериозно размислува да го напушти клубот.

Менаџерот на Мначестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон во разговор со MUTV откри дека Вејн Руни уште во август им соопштил дека нема намера да го продолжи договорот и побарал да замине.

На прашањето дали шпекулациите кои говореа дека Руни не сака да го обнови договорот со Манчестер Јунајтед се вистинити, Сер Алекс рече: “Тоа е точно. На стартот од летото, Дејвид (Гил, извршниот директор) започна преговори со неговиот агент.”

“Бев во мојата канцеларија на 14ти август кога Дејвид ми кажа дека добил повик од агентот на Руни и му било соопштено дека Вејн нема да стави потпис на новиот договор тој сака да се раздели од клубот.”

“Потоа Дејвид дојде да се види со мене. Ми рече дека не може да верува а исто се чувствував и јас.”

“Бев стаписан, не можев да разберам зошто, бидејќи неколку месеци претходно Руни говореше дека е во најголемиот клуб на светот и дека сака да остане до крајот на животот. Едноставно не знаеме што се промени во мислењето на момчето. Дејвид беше шокиран, јас бев шокиран.”

“Имав средба со Руни и тој го повтори она што агентот ни го кажа. Тој сакаше да си замине.”

“Јас само му кажав, ’Запомни само една работа, почитувај го клубот. Не сакам никакви глупости од тебе, почитувај го клубот’. Она што сега го гледаме во медиумите е вознемирувачко бидејќи се што можевме направивме за Вејн Руни, од првата минута кога тој дојде во клубот.”

“Ние секогаш сме биле тука за да го заштитуваме. Секогаш кога тој бил во неволја, сме му давале совети, сум бил подготвен да му давам и финансиски совети, многу пати.”

“Но тоа го правите за вашите фудбалери, не само за Вејн Руни. Таков е Манчестер Јунајтед.”

“Ова е клуб што ја базира цела своја историја и традиција на лојалноста и довербата помеѓу менаџерот, играчите и клубот. Тоа е така од деновите на Сер Мет.”

“На тоа е основан клубот. Вејн имаше корист од оваа помош, исто како што имаа Рајан Гигс, Пол Сколс и сите останати играчи.”

Ферги потоа продолжи: “Во моментов на масата нема некоја специфична понуда за Руни бидејќи тие не се подготвени да слушаат понуди. Но секогаш има понуда за Манчестер Јунајтед да преговара со играчот.“

“Дали сум разочаран? Да, јас сум разочаран, многу разочаран, не можам да верувам. Кога сте менаџер на Манчестер Јунајтед, ова се работи со кои морате да се справувате. Потребно е да се справиме со вакви работи од време на време.”

“Кога треба да се справувате со фудбалер од модерното време секогаш има многу разочарување.”

“Порака до фановите? Пораката е дека тие треба да продолжат да му веруваат на Манчестер Јунајтед. Доколку погледнете во историјата на клубот во претходните 50 години, во бројот на трофеите што ги имаме освоено, почестите што ги имаме добиено, почитта што ја уживаме ширум светот, восхитот што го добиваме од сите.”

“Понекогаш имаме проблеми, се подлизнуваме. На пример минатата сезона, имавме можност да освоиме четврта титула во низа, нешто што никој не го направил претходно во Премиер Лигата. Загубивме само за еден бод.”

“Дали вратата е отворена доколку Вејн се предомисли? Секако. Дејвид е спремен да ги подготви најдобрите услови за секој фудбалер во државава.”

“Ние знаеме дека Руни е квалитетен фудбалер па преговорите ги започнавме уште на почетокот од летото, две години пред да истече договорот.”

“Тој рече дека сака да остане до крајот на животот. Ние бевме почестени од таквото барање, Вејн да остане во клубот, клубот кој го сака.”

“Тој рече дека најдоброто нешто што го направил е тоа што потпишал за Манчестер Јунајтед.”

“Па Дејвид, во консултации со сопствениците, беше подготвен да му го понуди на Руни најдобриот договор во државата.”

Јунајтед и Арсенал во трка за потписот на Ван дер Вил

Англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед и Арсенал ќе влезат во битка за потписот на ѕвездата на Ајакс Грегори Ван Дер Вил.22-годишниот фудбалер во последно време бележи сериозен напредок во кариерата и во текот на летото дури се наоѓаше пред трансфер во германскиот гигант Баерн Минхен.

Сепак, „баварците“ не успеаја да ги договорат услугите на холанѓанецот бидејќи тренерот на тимот од амстердам Мартин Јол по секоја цена сакаше да го задржи младиот играч во тимот.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон сериозно размислува за засилување на составот со ангажман на играч за десната бековска позиција, бидејќи Вес Барун и Гери Невил не се толку перспективни за во иднина.

Иста желба и колегата на шкотланѓанецот во Арсенал, Арсен Венгер кој според последните најави ќе стори се за да го донесе во своите редови играчи кој моментално се проценува на 17 милиони евра.

Манчестер Јунајтед - Бурсаспор (ЛШ, групна фаза, 3 коло)

Стадион: Олд Трафорд, 20 октомври, среда, 20:45ч.

- По крајно изненадувачкиот нерешен резултат со Вест Бромвич Албион како и денешното обелоденување на Сер Алекс Фергусон дека Руни сака да го напушти Манчестер Јунајтед, во една тензична атмосфера "црвените ѓаволи" во среда ја пречекуваат турската екипа Бурсаспор во рамките од 3то коло во Лигата на шампионите.

- Иако станува збор за екипа која во првите две кола не постигнала ниту гол а примила дури 5 сепак со оглед на тоа како Јунајтед игра ништо чудно доколку и Бурсаспор се покаже како тврд орев за фудбалерите на Јунајтед.

- Фергусон изјави дека иако натпреварот против турците нема да биде лесен сепак очекува одличната серија на Јунајтед на домашен терен да продолжи и во среда. Шкотланѓанецот исто така изјави дека на овој меч можност ќе им даде на неколку млади фудбалери за да се докажат и да стекнат искуство. Тоа не треба да значи дека Јунајтед не го сфака сериозно овој натпревар. 


- Оние кои сигурно испаѓаат од конкуренција за настап против Бурсаспор се Гигс, Еванс, Бебе (повреда), Харгрејвс (без право на настап) како и Вејн Руни кои не го доврши денешниот тренинг жалејќи се на мала повреда. (иако ова е сомнително). Сите други се подготвени за настап.


Моментална табела:
1. Манчестер Јунајтед 1 1 0 1-0 4
2. Ренџерс                    1 1 0 1-0 4
3. Валенсија                 1 0 1 4-1 3
4. Бурсаспор                0 0 2 0-5 0

Фергусон ја обелодени ситуацијата со Вејн Руни


Среќните денови зад нив
 Алекс Фергусон веднаш по прес конференцијата за натпреварот со Бурсаспор одговараше на прашањата за Вејн Руни поврзани со неговото заминување од Олд Трафорд..

По сето тоа што периодов можевме да го прочитаме и слушнеме за Руни, би било интересно и вас да ве чуеме што имате да кажете на сето ова? Па затоа да почнеме од почетокот на оваа сага... Дали Руни беше повреден воопшто?
 - Да... Руни беше повреден... Иако можеше да тренира скенирањата потврдија дека тој сеуште носеше траги од повредата. Зашто изјави дека не бил повреден можете само да претпоставувате... Навистина разочарувачи... За натпреварот со Сандерленд намерно не го повикав бидејќи моето размислување ми налагаше да му дадам дополнителна недела одмор исполнет само со тренинзи за да настапи одморен за Англија и на тој начин ќе си ја врати формата. Тоа го направив за негово добро.. А зошто тој тоа го изјави не знам...

 Дали вашите односи се влошија?
 - Никогаш сме немале некаква караница... Никогаш... Сепак треба да сфатиме дека доколку некој фудбалер сака да го напушти клубот во кој игра најлесно му е да каже дека се скарал со тренерот... Тоа е најлесно да се изјави... Можеби и има некакви траги од тоа.. но...

Слушаме и за тоа дека Руни не сака да потпише нов договор. Каква е ситуацијата со преговорите за нов договор?
 - Гласините се точни... Дејвид Гил ги почна преговорите со агентот на Руни на крајот на минатата сезона и требаше истите да продолжат по Светското првенство... Сепак на 14 август ми се јави Гил да ме информира дека агентот на Руни му кажал дека Вејн одбил да го потпише понудениот одговор. Ниту јас ниту Гил не можевме да поверуваме... Пред се поради тоа што само месец дена предходно Руни изјави дека Јунајтед е најголемиот клуб и дека токму тука сака да ја заврши играчката кариера...
 - Потоа имав разговори и лично со Руни по што тој ми го соопшти она што му го кажа и агентот на Гил..  Желба му е да си оди..... По таа изјава јас само му кажав едно нешто... А тоа беше да запомни едно нешто... Да го репектира клубот и да не прави проблеми и да дава изјави по медиумите... Она што сега се пишува по медиумите... И затоа сум разочаран бидејќи клубот се грижеше за Руни уште во моментот кога Руни потпиша за Јунајтед. Ова го изјавувам затоа што сакам да им ја појаснам ситуацијата на нашите навивачи.. Пред се поради настанатата ситуација на средбата со ВБА кога при резултат 2-2 навивачите почнаа со скандирања за Вејн Руни да влезе во игра но тоа само им го зголеми психиичкиот товар на преостанатите фудбалери...

Дали Јунајтед има добиено понуда за Руни од некој клуб?
 - Во моментов не бидејќи Јунајтед сеуште не е подготвен да прима понуди, меѓутоа она што се уште постои е можноста Јунајтед и Руни да воспостават услови за продолжување на договорот....

Сите знаеме за каков играч станува збор... Дали сте разочарани во овој момент од настанатата ситуација?
 - Да, и тоа многу сум разочаран. Не ни можам да поверувам. Но кога си менаџер на Манчестер Јунајтед секогаш треба да се справуваш со многу различни ситуации. Сум се справувал и со слични ситуации како оваа. Секогаш постојат разочарувања кога треба да се справуваш со играчи произведени во модерниот фудбал. Сега е многу потешко отколку што тоа беше случај пред подолг период. Тогаш за да потпишеш договор со некој фудбалер повеќе имаше релација тренер-фудбалер-родител на фудбалер. Еве на пример вчера кога го прашав Ван Дер Сар како се чуствува по грешката која ја направи завчера ми кажа дека првиот телефонски повик кој го добил бил од татко му... На тоа јас само му кажав да го послуша советот кој го дал татко му бидејќи токму тој е човекот кого треба да го послуша. Тоа кај денешните млади фудбалери веќе не постои. Во денешно време агентите буквално живеат во џебовите на фудбалерите...

Дали вратата за Вејн Руни е сеуште отворена доколку го смени своето мислење?
 - Секако. Дејвид Гил е подготвен да понуди најдобар можен договор на било кој фудбалер во Англија. Јасно е дека Руни е квалитетен фудбалер и токму затоа преговорите почнаа уште летово на 2 години од истек на неговиот договор. Преговорите беа започнати и на иницијатива на самиот Руни кој изјави дека сака да остане овде доживотно.  Изјави и дека потпишувањето со Манчестер Јунајтед било најдоброто нешто што тој го направил. Токму поради тоа Дејвид Гил беше подготвен да му понуди најдобар можен договор на Вејн Руни... Договор кој би бил најдобар од сите фудбалери кои играат во оваа држава.