My Bloglist

недела, 19 септември 2010

Магичен ден за Бербатов, критичарите со затворени усти

Играчите му честитаат на Бербатов за еден од погодоците
- Бугарскиот интернационалец во редовите на Јунајтед, Димитар Бербатов, против Ливерпул го одигра најдобриот натпревар во неговата кариера меѓу "црвените ѓаволи" а можеби и воопшто... Берба одигра маестрално успевајќи да го "матира" голманот Реина дури три пати со што го постигна својот прв хет-трик за Јунајтед. Воедно третиот гол значеше и предност од 3-2, а Бербатов стана првиот фудбалер на Јунајтед од 1946 година на кој му успеало да даде 3 гола против Ливерпул на еден натпревар. 


Берба по постигнувањето на решавачкиот 3 гол на средбата
"- Денеска е магичен ден, особено за мене бидејќи успеав да постигнам хет трик но и бидејќи го победивме ривалот Ливерпул. Сите беа среќни во соблекувалната по натпреварот, како и јас и затоа дома ќе заминам со насмевка на моето лице бидејќи "добивме" еден многу значаен меч.
Веројатно ова беше најдобриот натпревар кој сум го одиграл во дресот на Јунајтед но не сакам да остане така бидејќи сакам да напредувам, да одиграм уште подобри натпревари од овој. Морам да истакнам дека денеска сите коцки ми се поклопиа. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи кои ме "хранеа" со топки."- изјави најдобриот поединец на дерби натпреварот, Бербатов кој вечерта по натпреварот ќе ја помине дома играјќи со своите деца.
Бугаринот задоволен го напушта теренот

Манчестер Јунајтед на крилјата на Бербатов до голема победа во дербито

Во дербито на 5-то коло на англиската Премиер Лига, Манчестер Јунајтед го победи Ливерпул на Олд Трафорд со 3-2. Победата дојде по голема заслуга на Димитар Бербатов кој како никогаш досега во еден таков важен натпревар постигна 3 гола и целосно го засени Руни кој и натаму останува со само 1 постигнат гол сезонава и тоа од пенал.
Натпреварот започна со доминација на Јунајтед во обид да се постигне брз гол. Сепак Ливерпул го одби првичниот притисок и играта беше изедначена на средината на теренот. Во финишот на првото полувреме Бербатов го отвори резултатот со удар со глава во пад во 42-ра минута. Во второтo полувреме беше вистинската битка. Манчестер се обидуваше да постигне и втор гол и да го реши натпреварот. Повторно Бербатов стапи на сцена со прекрасен гол со ножички:

И кога сите очекуваја мирно приведување кон крајот на овој натпревар искра надеж за гостите. Еден добар потег на Торес, старт на Еванс и пенал за Ливерпул. Жерард намали на 2-1. Само неколку минути подоцна уште еден кикс на одбраната со фаул над Торес, овојпат О'Ши, и слободен удар од околу 18-метри. Повторно Жерард во главна улога, пронајде пукнатина во живиот ѕид и од никаква игра и шанси Ливерпул стигна до 2-2. Сепак денеска беше пишано очигледно Бербатов да го реши натпреварот и при самиот крај уште еден гол со глава на Бербатов и голема радост на трибините за водството од 3-2. До крај само рутински се задржа топката, без посериозни шанси по што публиката со аплауз ја поздрави победата против омразениот ривал и секако брилијантната партија на Бербатов која можеби беше најдобра откако го носи црвениот дрес.



Бербатов при постигнувањето на третиот гол


Целосен хајлајтс од головите и шансите може да видите тука


Се очекува Челзи да изигра денеска со Блекпул на домашен терен од 17:00, а вчера Арсенал ремизираше на гости со Сандерленд 1-1. Челзи води на табелата со 12 бода(-1), а го следат Манчестер Јунајтед и Арсенал со по 11 бода. Следното коло Јунајтед му гостува на Болтон.

Јунајтед со нов голман од Јануари?

Чуварот на мрежата на Ајакс, Мартен Штекеленбург во изјава за холандските медиуми потврди дека е подготвен за нов предизвик, а тоа е трансферот во Манчестер Јунајтед.

Дваесет и девет годишниот голман на Олд Трафорд би требало да го замени фантастичниот сонародникот, Едвин ван дер Сар.

Очигледно дека менувањето на Ван дер Сар е судбина на Штекеленбург, кој во Ајакс ја доби шансата по неговото заминување, а и на голот на националниот тим застана откако неговиот постар колега се повлече од настапите.

Договорот на холандскиот репрезентативец со Ајакс истекува во 2011 година, а се очекува тој од Амстердам да си замине уште во текот на јануарскиот преоден рок доколку Ајакс сака да заработи нешто од неговото заминување.