My Bloglist

четврток, 12 јануари 2012

Горкаф на Олд Трафорд ?

Се понеизвесна е судбината на средниот ред на Јунајтед. Снајдер, Геце и Гомез беа оние кои требаше да ги пополнат дупките во средината минатото лето, сепак цената која ја побараа нивните клубови беше астрономски висока и со тоа се одложи нивното доаѓање на Трафорд на неодреден период.

Иако ветеранот Сколс се врати во тимот, Фергусон сеуште бара долгорочно решение и се смета дека истото го гледа во 25 годишниот креативец на Олимпик Лион, Јоан Горкаф кој би требало да биде соодветна замена за повредените Клеверли и Флечер.
Претседателот на Олимпик Лион Жан-Мишел Олас вели дека играчот е потребен на неговиот клуб, но сепак доколку стигне добра понуда од Јунајтед не би се двоумел да ја прифати со цел подобрување на кариерата на креативецот Горкаф.

Освен Јунајтед, Горкаф го поврзуваат и со Арсенал на чија листа е и зимава, но во овој трансфер период ги нема Наполи и Валенсија на кои французинот минатото лето им беше мета.