My Bloglist

петок, 20 јануари 2012

Де Геа ке оди на операција

Голманот на Јунајтед Де Геа има проблем со очите и ке мора да оди на операција.

Давид Де Геа на последните неколку натпревари не е помеѓу стативите, па неговото место полека но сигурно го презема Линдегард. Меѓутоа по се изгледа дека грешките кои ги правеше Шпанецот на терен се поврзани со проблемите кои ги има со видот.

21-годишниот голман требало да биде опериран уште минатата година додека бранеше за Атлетико Мадрид, но лекарите му рекле да почека една година.

Па така најверојатно Де Геа ќе оди ’под ласер’ во јуни оваа година, со цел конечно да биде отсранет неговиот проблем со очите.