My Bloglist

среда, 29 декември 2010

Јунајтед многу блиску до ангажман на Ласана Диара

Англискиот Sun го потврди интересот на Манчестер Јунајтед за Ласана Диара и пишува дека трансферот е блиску до реалзација.

Она што го пишуваа шпанските медиуми го потврди и Sun, Манчестер Јунајтед сериозно се интересира за услугите на фудбалерот на Реал Мадрид, Ласана Диара.

Англискиот весник оди чекор понапред и пишува дека Лас во Манчестер Јунајтед е веќе завршена работа.

Наводно двата клуба постигнале договор за негов трансфер а сумата која ќе ја плати Јунајтед изнесува 12 милиони евра.

На позицијата на која настапува Диара, Жозе Мурињо ги има Чаби Алонсо и Кедира, двајца фудбалери кои се во неговите првични планови.

Ласана Диара посакува првотимски статус, нешто што Мурињо не може да му гарантира, па постои логична веројатност за овој трансфер ако се знае дека Португалецот ги има Гаго и Мамаду Диара како замени за дефанзивната позиција во средниот ред.

Францускиот фудбалер веќе го носеше дресот на три тима од Премиер лигата, Челзи, Арсенал и Портсмут.

Бирмингам извлече бод против Јунајтед

Тимот на Манчестер Јунајтед во натпреварот против Бирмингам од Премиер Лигата успеа да добие само бод со кикс пред крајот на натпреварот.

Тимот на Фергусон одлично почна да го игра натпреварот. Сепак во првиот дел немаше голема шанса за гол. Јунајтед и Бирмингам добиа по два жолти картони.

По едно мирно полувреме двата тима си заминаа со 0-0.

Во вториот дел, во 58 минута Даран Гибсон одлично асистираше за гол на Димитар Бербатов. Со овој гол Мачестер Јунајтед достигна со водство од 0-1 против Бирмингам.

Во 73 минута, Андерсон го напушти теренот.На негово место влезе Флетчер.И Бирмингам направи неколку замени.

Кога пред крајот еден мал кикс на одбраната беше постигнат гол за Бирмингам за 1-1.Сепак голот беше малку сомнителен

недела, 26 декември 2010

Фергусон бара нов голман. Дали тоа ке биде Хуго Лорис или?

По најавата дека на крајот сезоната Едвин ван дер Сар ќе се повлече од активното играње, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон од челниците на клубот побарал да дозвола да почне да бара нов чувар на мрежата.

Фергусон веќе обезбеди еден нов голман откако во тимот го доведе Данецот, Андерс Линдегард, но сепак тој смета дека му потребен уште еден поискусен фудбалер, кој ќе застане на голот на Манчестер Јунајтед.

Иако долго време се сметаше дека најсериозен кандидат е голманот на Атлетико Мадрид, Давид Де Геа, сега фаворит на Фергусон е Французинот, Хуго Јорис и за него се очекува клубот од Олд Трафорд на Лион на име на обештетување да понуди сума од 20 милиони фунти.

Од друга страна Фергусон е заинтересиран и за голманот на Баер Леверкузен кои признаа дека знаат за интересирањето на Фергусон за Рене Адлер.

Адлер, кој беше стартен голман на германскиот национален тим пред Светското Првенство ова лето, може да премине во редовите на Манчестер Јунајтед за одредената сума.
„Да, тоа е точно. Тој беше забележан од Манчестер Јунајтед, но тоа не ми е носи непроспиени ноќи." - изјави извршниот директор на клубот, Волфганг Холцхеузер.

Според медиумите во Германија сумата која била вклучен во договорот на Адлер, е 24 милиони евра, што може да се претпостави дека „црвените ѓаволи“ би можеле да ја платат за долгорочно решение на голот.

Манчестер Јунајтед пред неколку недели го доведе Андерс Линдегард од Аслунд за 4 милиони евра и многумина сметаа дека тој би бил заменикот на Ван Дер Сар, но со последниот интерес на Ферги за нови голмани може да се процени дека Шкотланѓанецот сака млад, но и искусен чувар на мрежата.

Јунајтед го совлада Сандерленд

Тимот на Манчестер Јунајтед покрај долг одмор, односно поради неодиграни натпревари, заради лоши временски услови, тимот на Фергусон беше свеж и одморен за неделниот натпревар со Сандерленд.

Јунајтед заблогодарени на Бербатов уште во почетокот, во 5 минута Руни одлично асистираше за постигнување на гол. Во продолжени Јунајтед имаше убави шанси да го совладаат голманот на Сандерленд-Гордон, но тоа не се случи.

На полувреме Јунајатед замина со гол предност против Сандерленд.

Во второто полувре, повторно Бербатов во 57 минута со фантастичен гол го совлада Гордон.По некоа минута беа направени 2 замени.Маќеда го заменуваше Гигс,а Гибсон влезе на местото на Андерсон.

Манчестер Јунајтед во уште 57 минта стави крај на натпреварот. Манчестер Јунајтед изведе неколку опасни корни, кои беа попречени од фудбалерите на Сандерленд.

Сандерленд немаше сериозна шанса за гол.Само еден шут упати кон голот на Едвин ВДС. Повторно беше направена замена,во 87 минута кога Бербатов излезе и влезе Чичарито.

По 90 минути судијата надополни 3 минути. По истечените 3 минути судијата го изврши и последниот свиреж на судијата. Благодарение на Бербатов,Јунајтед го совлада Сандерленд и остана на врвот на табелата  
 

четврток, 23 декември 2010

Бербатов попрво ке се пензионира отколку да замине од Јунајтед

Димитар Бербатов отфрла можно заминување од Манчестер Јунајтед, вели дека подобро би се пензионирал отколку да замине.
Бербатов сеуште се бори да ги оправда 30,75 милиони фунти кои Манчестер Јунајтед му ги даде на Тотенхем за трансфер на бугарскиот интернационалец.

Бугаринот, кој постигна пет погодоци во победата над Блекбурн од 7-1 минатиот месец, е на врвот на стрелци во ПЛ со 11 погодоци, но Јунајтед се уште се нема согласено за нов договор со што би се продолжил престојот на Бербатов на Олд Трафорд.

Но зборувајќи откако беше прогласен за најдобар фудбалер на Бугарија по седми пат, тој рече: ’’Јас се борев да имам шанса да играм за Јунајтед и сега може да одам само надолу доколку заминам.’’.

’’Зошто би го направил тоа? Би било подобро да се повлечам.’’

Јувентус, Баерн Минхен и Фенербахче покажаа интерес за Бербатов во предходните месеци но менаџерот на Јунајтдед, Сер Алекс Фергусон инсистира дека 29 - годишниот фудбалер нема да го напушти тимот наредниот месец.

среда, 22 декември 2010

Според Иделсон Глејзери ке го продадат Јунајтед но сепак ке владеат уште многу години

Директорот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Иделсон вели дека семејството Глејзер сигурно ќе го продаде клубот но додава дека тоа нема да се случи во блиска иднина
Семејството Глејзер, кое го превзеде Манчестер Јунајтед во 2005, константо негира дека имаат намера да го продадат клубот.

Неодамна се појавија нови извештаи, овој пат од Средниот Исток, кои велеа дека Кралското Семејство од Катар е подготвено да понуди 1,5 милијарди фунти за да го купи Манчестер Јунајтед.

Многу фанови на ’Црвените Ѓаволи’ сакаат да се случи една ваква трансакција со оглед на тоа дека тие не се задоволни од начинот на кој Американците менаџираат со клубот.

Мајкл Иделсон, кој е во бордот на клубот како не-извршен директор од 1982, вели дека неизбежно е во одреден момент семејството Глејзер да го продаде Мначестер Јунајтед.

Но Иделсон инсистира дека промената на сопственоста нема да се случи уште долги години.

За Associated Press тој рече: “Неизбежно е во одреден момент семејството Глејзер да го продаде клубот, но тоа нема да се случи во блиска иднина.”

Исто така медиумите од Англија пренесуваат дека Иделсон на една приватна забава во Манчестер рекол дека семејството Глејзер ќе го поседува клубот уште ’20 до 30 години’.

Се говори дека Американците се надеваат дека ќе можат да намалат голем дел од долгот со потпишување на светски рекорден договор со NIKE вреден околу 450 милиони фунти.

Исто така на Сер Алекс Фергусон му биле дадени ветувања дека ќе има пари за засилување на тимот.

вторник, 21 декември 2010

Јунајтед спрема 30 милиони евра за Модриќ

Островските медиуми денеска пишуваат дека Лука Модриќ е првиот избор на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон за главен креатор на играта во средниот ред.

Истите извори наведуваат дека за услугите на хрватскиот репрезентативец, кој на Вајт Харт Лејн стигна летото 2008 година за 16.5 милиони, Фергусон е подготвен да плати 30 милиони фунти.

Кога ваквиот трансфер би се реализирал, Модриќ би станал убедливо најскапиот хрватски фудбалер во историјата.

Меѓутоа, се со цел да се реализира трансферот на Модриќ на Олд Трафорд, шкотскиот стратег би можел да ги искористи и некои од своите играчи од кои во целост не е задоволен. Во нив спаѓат искуните Вес Браун и Мајкл Керик, или нешто помладите Андерсон, Дарон Гибсон и Том Клеверлеј.

Од друга страна, менаџерот на Тотехем, Хари Реднап ги прави сите напори да го задржи Мордиќ во своите редови, иако големината на клубот и трофеите кои се далеку поспецифични за Јунајтед лесно би можеле да го одведат хрватот во Манчестер.

Бербатов повторно фудбалер на годината во Бугарија

Играчот на актуелниот премиерлигашки вицепрвак Манчестер Јунајтед Димитар Бербатов по седми пат во кариерата и четврти по ред е избран за бугарски фудбалер на годината.

Напаѓачот на „црвените ѓаволи“ овој пат победи пред напаѓачот на турски Газијантеп, Ивелин Попов и голманот на холандскиот шампион Твенте, Николај Михајлов.

Бербатов е рекордер по бројот на признанија наменети за фудбалер на годината во Бугарија, а зад него е Христо Стоичков кој истото признание го доби пет пати.

„Би ве замолил повеќе да не гласате за мене. Би сакал наградата да ја добие некој млад играч." - скромно изјави Бербатов по доделувањето на наградите во Софија.

Пепе на Олд Трафорд?

Според пишувањето на некои медиуми во Англија за дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе заинтересирани неколку членови на Премиер лигата.

Прв на листата е Манчестер Јунајтед, кој очекува дека Португалецот на Олд Трафорд може да се пресели уште во јуни, а менаџерот Алекс Фергусон смета дека тој е одлично засилување за неговиот ослабен одбранбен ред.

На списокот на заинтересирани клубови од Англија за Пепе, кој летово најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид се наоѓаат уште Манчестер Сити и Челзи.

понеделник, 20 декември 2010

Јунајтед го сака Кришито

Манчестер Јунајтед има сериозен интерес за левиот бек на Џенова Доменико Кришито. 

Дефанзивецот покажува исклучително добро претставување за италијанскиот клуб во последно време и се поврзува со промена на тимот. 
Сега „црвените ѓаволи" подготвуваат понуда од 12,5 милиони фунти за одбранбениот играч. Се смета дека 23-годишниот играч може да стане заменик на Патрис Евра, кој би можел да го напушти „Олд Трафорд" и да се пресели во Реал Мадрид, но ваквиот епилог има мала веројатност да се случи. 

Кришито ги започна сите 16 средби за тимот во Серија А оваа сезона. Исто така репрезентативецот на Италија може да игра и на централната бековска позиција.

Фергусон нема планови за пензионирање


Менаџерот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон инсистира дека сеуште не размислува за повлекување од фудбалот.

68 годишниот стратег минатата недела стана менаџерот со најголем стаж во историјата на Манчестер Јунајтед, откако го превзеде кормилото на клубот во 1986 година.
Пред девет години тој имаше намера да се пензионира но тогаш се случи познатиот пресврт и Ферги реши да остане на Олд Трафорд.
Од тогаш па наваму, Сер Алекс постојано одбиваше да се вклучи во дебатата кога точно ќе стави крај на својата кариера, и сега инсистира дека не размислува за напуштање на Манчестер Јунајтед.
“Колку постар станувате, толку повеќе сте загрижен за тоа кога ќе се пензионирате.” – рече Шкотот за MUTV.
“Почнувате да мислите дека се додека ве служи здравјето и имате добар фитнес, треба да продолжите со вашата работа.”
“Сите мисли за пензионирање се во втор план.”
“Кога кажав дека заминувам, направив грешка. Во тоа време имаше одредени причини за сето тоа. Тоа беше една до оние работи.”

Кралско семејство од Катар ке го купува Јунајтед за 1.7 милиарда евра?

Кралското семејство на Катар планира да понуди 1.7 милијарди евра за да го купи англискиот гигант Манчестер Јунајтед, соопштува англискиот печат.

Катар го освои правото за домаќинство на СП 2022 и се смета дека кралското семејство сака да стане земја со фудбалско име дотогаш. Катарците веќе станаа спонзори на Барселона, а се смета дека договорот е со најголема вредност во историјата на такво спонзорство.

Сега „Мирор“ објави дека катарската кралска фамилија сака да обезбеди огромна сума за трансфери на менаџерот сер Алекс Фергусон. 

Во моментов сегашните сопственици на тимот семејство Глејзер не сакаат да го продаваат Јунајтед, но според гласините Катарците имаат одвоени 2.8 милијарди евра за купување на клубот и за нови трансфери.


 
Оваа шпекулација Глејзери ја кометираа:

Американското семејство Глејзер, кое од 2005 година е сопственик на манчестер Јунајтед испрати порака дека клубот од Олд Трафорд не е на продажба, ниту за една цена.

Претходно англиските медиуми објавија дека Катар Холдингс на чело со шеикот Хамад Бин Јасим Џабр Ал Тани, кој воедно е премиер и на Катар, размислува да го купи Манчестер Јунајтед за сума од 1.7 милијарди евра.
Иако некои сметаа дека семејството глејзер ќе ја искористи ваквата шанса за да заработи, портпаролот на Американците ги негираше шпекулациите за продажба. 

"Не стигна никаква понуда за купување на клубот. Но и да стигне, ќе биде ирелевантна, бидејќи клубот не е на продажба", стои во соопштението на клубот.

Од 2005 година Манчестер Јунајтед е во сопственост на американското семејство Глејзер кое клубот го купи за 790 милиони фунти и покрај големите долгови одбива да го продаде.

Бекам: Фергусон е на врвот

На свеченоста на која ја прими наградата за животно дело, славниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, го окарактеризира својот бивш тренер Алекс Фергусон како „најдобар на сите времиња“. 

Наградата на Бекам му ја врачија неговиот поранешен соиграч Рајан Гигс, и легендарниот Боби Чарлтон, за кого се зборува дека токму тој го открил Бекам кога имал само 10 години.

„Бекам во кариерата заслужи се што освои. Тој е прекрасна личност и човек за пример за секого. Се сеќавам дека му реков на тренерите во Манчестер кога дојде Бекам дека тој ќе биде нешто посебно. Така и беше“, рече Чарлтон
кој истата награда за животно дело ја доби пред 2 години.

„Почестен сум што примам награда од подрачје кое толку го сакам. Поготово кога наградата ја примам од рацете на Сер Боби, тоа е посебна чест. Имав среќа во кариерата да ме водат толку големи тренери како Ерик Харисон и Ноби Стилс. Но за мене најдобар фудбалски тренер бил и сеуште е Алекс Фергусон“, рече меѓу останатото Бекам, кој токму поради несогласувањата со Фергусон во 2003 го напушти Манчестер и замина во Реал. Позната е и приказната дека Алекс во еден од своите налети на бес во соблекувалната на Јунајтед го удри Бекам со копачката во глава.

Покрај благодарение на своето семејство, сопругата Викторија и децата, Бекам додаде:

„Ја имав таа среќа во кариерата за играм за големи клубови, Манчестер Јунајтед, Реал, Милан и ЛА Галакси, но најважен дел во кариерата беше играњето за англиската репрезентација.“

За националниот тим Бекам дебитираше уште во 1996 година и од тогаш има 115 рекордни настапи, најмногу во историјата на Гордиот Албион.

недела, 19 декември 2010

Ангажирањето на Фергусон го чинело Јунајтед 60 илјади фунти

Поранешниот газда на Манчестер Јунајтед, Мартин Едвардс потврди дека го довеле Сер Алекс Фергусон на чело на Јунајтед од Абердин за само 60 илјади фунти.

По 34 освоени трофеи за овој период, Едвардс со чисто срце вели дека тие 60 илјади фунти биле добро потрошени, ако се има во предвид за каква револуција направи Сер Алекс Фергусон со тимот на Манчестер Јунајтед, а претходно успеа да го издигне Абердин до големи успеси.

„Од секогаш сум бил имперсиониран од неговата работа. Успеа од еден мал шкотски тим да освои 3 титули во лигата и еден европски трофеј и тоа против Реал Мадрид. Кога беше време Рон Аткинсон да си замине, тогаш немаше дилеми дали ќе го изберам Алекс.“

„Кога се сретнав со него, тој потврди дека сака да дојде во Манчестер Јунајтед. Тогаш се состанав со газдата на Абердин и веќе во наредниот ден се договоривме за услугите на Алекс. Тој не чинеше само 60 илјади фунти.“ - заврши Едвардс.

Вратите на ''Олд Трафорд'' за Тевез се затворени

Напаѓачот на Манчестер Сити, Карлос Тевез беше поврзан со евентуално враќање на „Олд Трафорд" но денеска сличен развој бил категорично одбиен од Манчестер Јунајтед.

Сер Алекс Фергусон не сака да слушне да работи повторно со Аргентинецот, а и „граѓаните“ немаат никаква намера да го враќаат својот главен стрелец на својот главен конкурент за титулата.

Тевез го напушти Јунајтед во 2009 година, откако ја заврши сагата околу себе и го обвини клубот дека не сака да го задржи. Потоа пак се појавија информации дека тој неколку месеци пред скандалот се договорил со „граѓаните".

И двете страни не се подготвени повторно да преговараат за него: „Карлос тренира со својот вообичаен ентузијазам и ќе се врати во игра за натпреварот против Евертон во понеделник."

„Клубот јасно го покажува односот и Карлос нема да оди никаде. Сега сакаме да се концентрираме на нашата цел - да победиме колку можеме повеќе натпревари до крајот на сезоната." - се вели уште во официјално мислење на тимот.

Јунајтед тргнува по Роналдињо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон во текот на јануарскиот преоден рок се обидува да го засили офанзивниот дел од средниот ред и како една од опциите се наведува трансферот на Роналдињо.

Откако стана јасно дека Бразилецот се подготвува во текот на јануари да го напушти Сан Сиро, Фергусон се заинтересирал и Роналдињо и според неименувани извори од клубот, тој сериозно размислувал да испрати понуда за негова преселба на Олд Трафорд.

Според истиот извор Фергусон сакал да го ангажира Роналдињо по секоја цена и доколку трансферот не се комплетира во текот на следниот месец тој е подготвен да го чека и по завршувањето на сезоната.

среда, 15 декември 2010

Андерсон потпиша нов договор

Бразилскиот репрезентативец Андресон ја прифати понудата за нов договор со Манчестер Јунајтед според, кој на Олд Трафорд ќе остане до 2015 година.

"Задоволен сум од понудата и затоа решив да останам уште дополнителни 4 и пол години. Сакам со Манчестер Јунајтед да освојувам уште многу трофеи и верувам дека ќе ја продолжиме серијата од претходниот период", изјави Андресон.

Младиот Бразилец во Манчестер Јунајтед дојде пред три години, но се уште не го потврдил својот голем талент, но менаџерот Алекс Фергусон смета дека неговото време доаѓа.

"Андресон се развива во вистински правец, тој има 22 години и јас очекувам тој да биде еден од најдобрите фудбалери на светот", рече Фергусон.

Андресон во досегашниот тек од престојот во Манчестер Јунајтед одиграл 59 натпревари, а за селекцијата на Бразил има осум настапи.

Роналдо пред шокантно враќање во Јунајтед?

Ѕвездата на Реал Мадрид Кристиано Роналдо сака да си замина од Шпанија и да се врати на Олд Трафорд.

Причината за тоа е некоректниот однос кој го има на секој стадион надвор од Бернабе, каде секогаш неговите потези се проследени со свирежи, а последен доказ за тоа е „пречекот“ кој го имаше на „Ла Ромаледа“ во Сарагоса.
Лошиот однос на публиката кон него како и непочитувањето од страна на новинарите и шпанската публика го натерало Португалецот да размислува за напуштање на тамошната Лига, пишува Ел Мундо Депортиво.

Во ерата во Манчестер Јунајтед, најскапиот фудбалер на планетава веќе имаше ваков сличен проблем после распавијата со Вејн Руни на Мундијалот во 2006 година.

Арогантниот карактер и грозните гестови кон противничката публика предизвикуваат бес кај публиката надвор од Бернабе. Домашната публика пак е лесно резервирана кон него поради неговиот однос кон соиграчите. Роналдо оваа година дури ја нападна и публиката на Бернабе, порачувајќи и дека не треба да свират туку да аплаудираат и дека таквиот однос него го иритира.

Португалецот неколку пати истакна дека му недостасува Манчестер Јунајтерд а особено Фергусон па медиумите во Шпанија пишуваат дека воопшто нема да биде изненадување доколку Роналдо побара да се врати повторно на старото место каде го достигна врвот на славата и го имаше статусот на неприкосновена ѕвезда.

вторник, 14 декември 2010

За Фергусон најважен ке биде натреварот со Челзи

Сер Алекс Фергусон вели дека дуелот со Челзи ќе биде многу важен натпревар за Манчестер Јунајтед.
Црвените Ѓаволи го добија дербито против Арсенал, следен голем предизвик за Јунајтед е гостувањето кај шампионот Челзи.

Фергусон е свесен дека долг е патот до титулата, но вели дека натпреварот на Стемфорд Бриџ ќе биде многу значаен за неговиот тим и мотивацијата кај играчите.

"Тоа ќе биде голем натпревар, но патот до титулата во Премиер лигата е долг" - вели Фергусон.

"Сепак, тоа ќе биде голем, голем натпревар за Јунајтед".

Ферги изрази шокираност од отказот што Блекбурн му го врачи на Сем Алардајс.

"Тој ми се јави синоќа попладне, и ме праша дали ќе може да испиеме по еден чај бидејќи ќе дојде на натпреварот. Потоа за еден час повторно ми се јави и ми рече: Добив отказ".

"Никогаш не сум слушнал таква глупава одлука во мојот живот, апсолутно неверојатно. Не знам како размислуваат тие, спсолутно смешна одлука".

Чичарито пред шокантен трансфер на Бернабе?

Мексиканските медиуми објавија информација според која тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо од претседателот на клубот, Флорентино Перез побарал да испрати понуда до Манчестер Јунајтед за трансфер на напаѓачот, Хавиер Ернандез.

Дваесет и две годишниот напаѓач уште во првата сезона од своите настапи на Олд Трафорд покажа дека станува збор за врвен фудбалер и од тие причини Мурињо би сакал да го види во својата екипа.

Неофицијално се дознава дека Реал Мадрид ќе се обиде да го ангажира Чикарито и дека покрај извесна сума на пари, Кралскиот клуб ќе го понуди и францускиот репрезентативец, Карим Бензема.

Сепак тешко е да се поверува дека Фергусон ќе се откаже од услугите на младиот Мексиканец без оглед на фактот што тој би сакал во составот да го има Бензема.

Јунајтед го сака Хоакин?

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон во текот на јануарскиот преоден рок ќе се обиде да најде засилување за страничните позиции во нападот.

Според некои медиуми во Англија, прв на листата на потенцијални засилувања е фудбалерот на Валенсија, Хоакин.

Манчестер Јунајтед наскоро треба да ги стартува преговорите за неговиот трансфер на Олд Трафорд, а најголем проблем како по обичај ќе биде обештетувањето кое Валенсија го бара за 29-годишниот фудбалер.

Валенсија, Хоакин го цени на 12 милиони евра додека според неофицијални информации Манчестер Јунајтед е подготвен да плати двојно помала сума.

Јунајтед го засили интересот за Јанг

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го доведе Ешли Јанг во зимскиот трансфер прозорец.

Крилото на тимот од „Мидлендс“ не е задоволно од развојот на сезоната за својот тим, откако Астон Вила запишаа само три победи во последните тринаесет натпревари, како и од методите на новиот менаџер на тимот Жерер Улие.

Според менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон пак Јанг е идеален заменик на ветеранот Рајан Гигс, како и за алтернатива на Џи Сун Парк.

Дополнителна мотивација за Шкотланѓанецот е тоа дека фудбалерот може да се користи во елиминационата фаза на Лигата на Шампионите ако биде доведен во Јануари. Ако работите не се одвиваат како што треба во зимскиот прозорец Фергусон ќе се обиде да го доведе репрезентативецот на Англија во текот на летото.

Ешли Јанг има договор со Астон Вила до летото 2012, но засега одбива да го продолжи, што дава сериозна желба да го напушти тимот. Интерес за него покажаа уште Тотенхем, Ливерпул и Манчестер Сити.

Јунајтед подобар од Арсенал

Тимот на Манчестер Јунајтед на ''Олд Трафорд'' го пречека тимот на Арсенал и го совлада со минимални, но значајни 1-0 со тоашто се искачи на врвот од табелата на Премиер Лига и до 2 бода предност од вториот, однсно Арсенал.

Избраниците на Фергусон уште веднаш започнаа со шанси за гол. Но сепак Арсенал излегуваше на крај на овој притисок.

Манчестер Јунајтед со одлични шанси им приредија одлична фудбалска забава на Фановите, а воедно и на гледачите.

Одбраната на Арсенал беше целосно пробиена во 40 минута, кога Нани одлично го пронајде Парк. Тој со глава прецизно постигна гол за водство од 1-0 за Јунајтед и радост за тимот и фановите.

Со овој гол Јунајтед замина на полувремето со 1 гол предност над Арсенал.

Во второто полувреме Јунајтед повеќе гледаше да го одбрани резултатот од 1-0.Тимот на Арсенал се засили кога влегоа Фабрегас и Ван Перси.Потоа влезе и Волкот.

Со ивие замени Арсенал имаше неколку изнвонредни шанси за гол ,но сепак немаа среќа.
Во игра влезе Гигс на местото на Андерсон. Потоа беше и досуден пенал за Јунајтед. Руни непрецизно го изведе пеналот и промаши.

До крајот немаше покенкретни шанси. Судијата дополни уште 4 минути игра. Кога завршија главниот судија означи крај на мечот и победа на Јунајтед 1-0 Арсенал.

среда, 8 декември 2010

Јунајтед со бод против Валенсија

Манчестер Јунајтед покрај не толку важен меч против Валенсија успеа да добие бод во натпреварот од Лигата на Шампионите. Натпреварот заврши 1-1.

Манчестер Јунајтед оваа сезона немаше примено гол во Лигата на Шампионите во фазата по групи. Сепак во натпреварот против Валенсија одбраната не можеше да го издржи притисокот од противникот и попушти.

Во 32 минута одбраната и Бен Амос не успеаа да го сопрат Пабло Хернандез и постигна гол за водство на Валенсија од 0-1.

Со овој гол Валенсија на полувреме отиде со гол предност против Манчестер Јунајтед.

По 50 минути игра Фердинанд го напушти теренот, а го замени Смолинг.Со оваа промена во тимот Јунајтед успеа да постигне гол преку Андерсон во 63 минута.

Фергусон направи уште некоја замена, Гигс го заменуваше Нани. А пред крајот во 90 минута Андерсон му остави шанса на Флетчер.  
                                                                                           
Покрај овие 1-1 Јунајтед и Валенсија продолжуваат во наредната фаза, а Ренџерс ќе продолжи во Европска Лига. Бурсаспор ќе отпадне.

сабота, 4 декември 2010

Овен пред враќање на натпреварите на Јунајтед

Мајкл Овен е надвор од терените уште од Октомври,но Фергусон вели дека тој може да се врати.

Фергусон кажа:"На oбука е Мајкл Овен и сега, тој е многу добро. Вие треба да бидете сигурни дека тој е на  добар ангажман на фудбалски тренинг пред да можеме да го донесе во игра''.
За жал, вестите од Хагреивс се уште се тешки да се каже дека тој може да се врати.

"Овен Хагреивс се уште се опоравува од неговата тешка повреда, за жал"- изјави Фергусон.
''Тоа е лош удар за момчето и тоа е тешко да се земе, со оглед на должината на времето што тој е надвор и износот на фудбалот што тој го пропушти."
Фергусон кажа дека нема нови повреди и за дуелот со Блекпол кој се игра во Сабота. Може во тимот на Јунајтед да има постари играчи. 
"Пол Сколс ќе се обучува и денес, па ќе видиме што ќе биде''.-повторно изјави Фергусон.   

петок, 3 декември 2010

Важни се натпреварите против големите конкуренти

Сер Алекс Фергусон вели дека се важни натпреварите против конкутените тимови за титула во Премиер Лига.
Јунајтед овој викенд игра со Блекпол, потоа на ''Олд Трафорд'' гостува Арсенал и најголемото дерби во Премиер Лигата, Челзи-Манчестер Јунајтед. Моментално Јунајтед е во предност 2 бода пред Челзи и Арсенал
.
Фергусон изјави:

"Секогаш сакате да победувате на ваквите натпревари бидејќи тие се навистина значајни".

"Ние дојдовме до позиција во која имаме два бода пред Челзи, па натпреварот против Арсенал на Олд Трафорд и гостувањето на Стемфорд Бриџ, ќе бидат навистина важни, нема сомневање за тоа".

"Видовме минатата сезона,  дека дел од големите натпревари не завршија во наша полза, ги загубивме двата натпревари од Челзи и на крајот тоа не чинеше значајни бодови".

Фергусон вели дека треба играчите да бидат свежи бидејќи распоредот за празниците е многу густ.

"Свесни сте дека паметно треба да го користите вашиот состав бидејќи има многу натпревари,   особено за време на таа недела помеѓу Божиќ и Нова Година".

"Три натпревари во шест дена е многу. Тоа е бурен период но ние имаме фудбалери за да се справиме"

"Се надеваме дека ќе бидеме на вистинската позиција во почетокот на јануари"

среда, 1 декември 2010

Јунајтед совладан од Вест Хем

Манчестер Јунајтед беше совладан од Вест Хем во Карлинг Куп. Манчестер Јунајтед беше поразен со 4-0. Со ова (Вест Хем 4-0 Манчестер Јунајтед) Јунајтед го доживеа првиот пораз сезонава и отпадна од Карлинг Куп.

Како и обично Фергусон им даде шанса на помладите фудбалери. Но сепак тимот на Јунајтед беше совладан.

На мечот Вест Хем постигна гол за 1-0, ама голот поништен. Но повторно Вест Хем постигна гол за водство од 1-0. Голот го постигна Спектор во 22 минута. Спектор повторно постигна гол за водство од 2-0.

На полувреме Манчестер Јунајтед беше во негатива со 2-0.

Во второ полувреме Кол постигна гол за 3-0 во 55 минута и повторно Кол за 4-0 во 67 минута.Со ова Јунајтед беше совладан од Вест Хем со 4-0, отпадна од Карлин Куп и ја доживеа првиот пораз.              

сабота, 27 ноември 2010

Јунајтед фантастично против Блекбурн

Манчестер Јунајтед одлично го совлада Блекбурн во 14 коло од Премиер Лигата со 7-1. На овој меч Бербатов постигна фантастични 5 гола. Ова беше најголемата победа на Јунајтед во оваа сезона.

Во првото полувреме Бербатов на двапати постигна одлични гола, во 2 и 27 минута, а Парк 4 минута пред тоа постигна гол под асистенција од Руни. Во првиот дел Јунајтед замина со 3-0.

Во вториот дел повторно Бербатов го накачи водството на 4-0, а минута потоа Нани постигна гол  за 5-0.

Во 62 минута повторно Бербатов постигна гол за 6-0, а во 64 минута Еванс го замени Видч. Во 70 минута Андерсон одлично одигра со Бербатов каде Бугаринот постигна 5 гола и водство о 7-0.

Во 72 минута Обертан влезе на местото на Парк. Пред крајот Самба го ублажи поразот за 7-1.
Манчестер Јунајтед со оваа победа е моментално на врвот од табелата.

Бербатов на овој меч постигна убедливи 5 гола и се врати по неколку меча без постигнат гол.

Официјално:Андрес Линдегард потпиша за Јунајтед

Според медиумите и Манчестер Јунајтед, Андрес Линдегард е нов играч во екипата на ''Црвените Ѓаволи''.


Манчестер Јунајтед се обиде да го донесе Линдегард на ''Олд Трафорд''. Пред некој ден се слушаа гласини дека Линдегард е во Манчестер на тестови.


Официјално денеска Данскиот голман Андрес Линдегард е новата резерва за Едвин Ван дер Сар .  


Со овој договор 26 годишниот голман изјави:


“Преселбата во Манчестер Јунајтед е остварување на сонот. Клубот е голема институција во Данска, чест ми е што сум тука.”


“Со нетрпение чекам да тренирам и да играм покрај некои од најголемите фудбалери од денешницата.”


“Нестрплив сум да бидам дел од овој тим и да го дадам својот допринос за тимот да продолжи да биде на врвот.” 


Манчестер Јунајтед изјави дека сумата на трансферот ќе остане тајна меѓу двата клуба. Со овој постигнат договор Линдегард со нетрпение чека да почне со тренинзите на Манчестер Јуанјтед и е многу среќен.

петок, 26 ноември 2010

Потребно беше храброст за изведување на пеналот

Менаѓерот на Англискиот гигант Манчестер Јунајтед упати пофалби за победата над Ренџерс, а особено кон Англискиот напаѓач Руни кој постигна гол од пенал и му донесе радост на тимот.

Вејн Руни во претходната сезона имаше постигнати фантастични 34 гола, а во дуелот со Ренџерс му беше само 2 гол.

Но Вејн Руни поголемиот дел беше на клупата на Јунајтед поради повреди, но имаше и желба да го напушти Манчестер.

Сепак Вејн Руни се врати на терените и на радостите покрај оној гол против Ренџерс во Лигата на Шампионите.   

Фергусон рече дека потребно беше храброст за да се изведе пеналот во 86 минута. Руни беше човекот кој го изведе пеналот прецизно и го доведе Јунајтед до нова победа.

четврток, 25 ноември 2010

Јунајтед до нова победа во Лигата на Шампионите

Манчестер Јунајтед го совлада тимот на Глазгов Ренџерс со минимални 0-1 и осигура пласман во наредната фаза во Лигата на Шампионите.

Манчестер Јунајтед во првиот дел   се обидуваше да постигне гол, но тешко беше покрај одбраната на Ренџерс. Манчестер Јунајтед и Глазгов Ренџерс во првиот дел заминаа со 0-0.

Во вториот дел Манчестер Јуанајтед во второто полувреме во игра го стави Андерсон на местото на Сколс во 67 минута, а по 9 минути Хернандез го заменуваше Бербатов.

И покрај оние 0-0 во игра влезе Обетан на местото од Нани.

Пред крајот Фабио убаво прими топка во шеснаесетникот каде доби нога во градите и беше досуден пенал за Манчестер Јунајтед.

Пеналот прецизно го изведе Вејн Руни во 56 минута и постигна гол за победа на Јунајтед од 0-1 и   осигура пласман во наредната фаза од Лигата на Шампионите.

среда, 24 ноември 2010

Глазгов Ренџерс-Манчестер Јунајтед (Лига на Шампиони, 5 коло)

Манчестер Јуанјтед вечерва ќе гостува кај тимот Ренџерс. Јунајтед нема да ги има на располагање Рио Фердинанд и Немања Видич,додека на овој меч Руни ќе биде стартер.
Манчестер треба барем бод да извлече во вечерашниот дуел против Ренџерс за да осигура пласман во нередната фаза во натпреварувањето.
Јунајтед сезонава е без пораз,но има многу нерешени натпревари.Од оние 14 одиграни дел се нерешени,а останатите победи. Дали Манчестер Јунајтед ќе совлада Глазгов Ренџерс,ќе видиме вечерва.

вторник, 23 ноември 2010

Бербатов за Буфон?

Манчестер Јунајтед повеќе пати се надоврза за преселба на Буфон на Олд Трафорд. Според шпекулациите Манчестер Јунајтед може да го даде Бербатов за Буфон.

Буфон се врати на тренинзите на Јувентус по онаа повреда која голманот отсуствуваше подoлг период. Јунајтед честопати се надоврза да го донесе Буфон во својот тим, но тој ги одбегнуваше тие гласини.

Но и покрај ова Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Буфон, па се шпекулира дека Бербатов е понудата за трампа со Буфон.

Има шанси Буфон да биде заменик на Едвин Ван Дер Сар. Моментален заменик за повредениот Буфон е Марко Сторари. Јувентус би сакал да го засили нападот со Бербатов и се задоволни од Сторари.

понеделник, 22 ноември 2010

Јунајтед лесно го совлада Виган

Тимот на Манчестер Јунајтед го доби дуелот во 13 коло од Премиер Лигата против Виган со 2-0. Головите ги постигнаа Евра во 45 и Чичарито во 77 минута.

Манчестер Јунајтед успеа да постигне гол во 45 минута заблагодарение на Евра кој успешно ја удри со глава топката од Парк кој прецизно ја уфрли во шеснаесетникот до Французинот.

Манчестер Јунајтед на полувремето си замина со 1 гол предност.

На почетокот од второто полувреме во 56 минута,Манчестер Јунајтед направи 2 замени.Сколс влезе на местото на Парк,а Руни го замени Маќеда. По 1 час игра Алкараз доби 2 жолт,односно црвен картон, а во 62 минута Родаљега доби директен црвен картон.

Во 65 минута, Фергусон го стави во игра Чичарито кој влезе на местото на Керик. Во 77 минута Рафаел одлично го пронајде Чичарито, каде што Мексиканецот постигна одличен гол со глава за 2-0 и веќе беше ставена точка на натпреварот.

 Манчестер Јунајтед се обидуваше да постигне уште некој гол, но тимот на Фергусон ја немаше таа среќа.      

Мечот заврши во полза на Манчестер Јунајтед со 2-0. На овој меч заигра и Вејн Руни, кој пред некој ден се врати од САД каде што се рехабилитираше.
 

сабота, 20 ноември 2010

Фергусон се плаши од кикс против незгодниот Виган

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон е малку загрижен пред денешниот наизглед лесен натпревар на домашен терен против Виган.

Шкотланѓанецот стравува дека неговите момчиња повторно можат да направат кикс и ги предупреди дека треба да се внимаваат против Виган, бидејќи според него тимот на Роберто Мартинез е многу опасен и може да го изненади секој противник.

„Треба да внимаваме против Виган. Ништо во Премиер лигата не е сигурно веќе и неколку од резултатите може да покажат големи изненадувања. Нашиот противник од своја страна е способен тим и во никој случај не е за потценување.“ - изјави сер Алекс.

„Задолжително мора да го совладаме Виган и не треба да си дозволиме да направиме уште еден кикс каков што веќе ни се случи во текот на сезоната бидејќи тоа ќе биде многу лош чекор за нас.“ - додаде Фергусон.

„Виган го совлада Тотенхем, а освен тоа прикажа одлиична игра и против Вест Бромвич Албион и Ливерпул, што доволно говори дека овој тим неоспорно има големи квалитети и треба да се внимава.“ - заклучи Ферги.