My Bloglist

сабота, 28 август 2010

Јунајтед лесно до победата против Вест Хем.

Во последниот денешен натревар од премиер лигата Манчестер Јунајтед славеше над Вест Хем со 3-0.

Првиот гол за Јунајтед на натпреварот го постигна Вејн Руни од пенал.

Рајан Гигс беше соборен во шеснаесетникот на Вест Хем и судијата покажа на белата точка по што Руни го отвори резултатот.

По пет минути игра во второто полувреме Руни асистираше до Нани кој постигна одличен погодок за водство од 2-0.

Нани во 69та минута асистираше до Бербатов кој со прекрасен волеј го постави конечниот резултат 3-0.

На овој меч за Јунајтед настапија:

Van Der Sar
O'Shea, Vidic, Evans, Evra
Nani, Flecther, Scholes, Giggs
Rooney, Berbatov

Трите измени беа направени во исто време во 74та минута. Smalling влезе на местото од Evans, Carrick на местото од Scholes, а Owen влезе на местото од Berbatov.

Овој меч кој се играше на Old Trafford го следеа 75 016 гледачи.

Следниот меч на Јунајтед е на 11.9.2010 во 13:45 часот против Евертон на Goodison Park. Ке има пауза следниот викенд во Премиер Лигата поради квалицикациите за ЕП и пријателските натпревари на репрезентациите.