My Bloglist

среда, 5 мај 2010

Нова Награда за Руни


Вејн Руни се збогати со уште една награда овојпат од Фановите на Манчестер Јунајтед од целиот свет и ја доби наградата Сер Мат Базби играч на годината.
Ова е втор пак како Руни ја добива оваа награда и ако и догодина ја добие оваа награда ќе се израмни со Роналдо кој ја има добиено оваа награда три пати.
Позади него беа Патрис Евра(второ место) и Антонио Валенсија(трето место).

Претходно беше прогласен и за Фудбалер на Годината во изборот на Асоцијацијата на Професионални Фудбалери а истото признани го доби и во гласањето на новинарите што го спроведе Асоцијацијата на Фудбалски Новинари.

Руни исто така на клубско ниво беше прогласен за Фудбале на Годинава во гласање на играчите на Јунајтед а и го доби и признанието за Гол на Сезоната за неговиот погодок при контра-нападот на Јунајтед на дуелот со Арсенал одигран на 31 јануари.


Еванс потпишал нов договој за Јунајтед

Сер Алекс Фергусон изјави дека Џони Еванс потпишал нов договор за Манчестер Јунајтед, но тоа сеуште не е официјално потврдено од Манчестер.
Поради повредите на Видиќ и Фердинанд тој имаше повеќе настапи за Јунајтед и се покажа како добар играч.
"Џони се докажа себе си" - изјави Сер Алекс Фергусон.

"Тој потпиша нов договор и треба да претставува добра основа за клубот за долг период".

Давид Силва :Неможам да одбијам понуда од тим како Манчестер

Тој вели дека не би можел да одбие понуда од тим како Манчестер Јунајтед.
Тој изјави дека би сакал да игра во Премиер Лигата, но и исто така дека е задоволен во Валенсија ,но тој вели дека секој играч си има своја цена.

"Чест е кога ќе слушнете дека клуб како Манчестер Јунајтед се интересира за вас" - вели Давид Силва.

"Имам голема почит кон Премиер лигата, и во изминатите години таа стана најдобра лига во светот".

"Доколку добијам повик, особено од клуб како Манчестер Јунајтед, би било многу тешко да ја одбијам".

"Среќен сум во Валенсија, но секој фудбалер има своја цена и доколку тие добијат прифатлива понуда за клубот, се е можно"