My Bloglist

понеделник, 18 октомври 2010

Модриќ и Снајдер во Јунајтед по заминувањето на Руни?

Денешниот број на Гардијан објавува дека ако Вејн Руни замине во Реал, сер Алекс Фергусон ќе се обиде да ја ублажи болката со доведување на Лука Модриќ од Тотенхем и Весли Снајдер од Интер.

Приказната и не би требала да биде толку сензационална ако се знае дека Шкотскиот стратег и минатата година беше заинтересиран за Модриќ, но тогаш хрватскиот репрезентативец ги отфрли шпекулациите со потпишување на нов договор со Спарси.

Парите за Манчестер Јунајтед не се проблем, а со продажбата на Руни би имало доволно за двајцата волшебници со топката, Снајдер и Модриќ. 

Руни сепак си заминува

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни сака да го напушти Олд Трафорд, по големата кавга со менаџерот сер Алекс Фергусон. Англискиот напаѓач им соопштил на раководните лица во клубот дека нема да потпише нов договор и сака да си замине во јануарскиот преоден рок.

Реал Мадрид е најблиску до ангажман на Руни. Ќе го искористи Карим Бензема за во своите редови да го доведе голгетерот на Манчестер Јунајтед и на Англија, Вејн Руни.

Кралскиот клуб ќе понуди 57 милиони долари плус Французинот за да го доведе Руни, кој одби да го продолжи договорот со клубот од Олд Трафорд и се наоѓа во затегнати односи со менаџерот сер Алекс Фергусон.

Ситуацијата на Вејн Руни многу наликува на онаа на Дејвид Бекам и многу новинари предвидуваат дека овие двајца идоли на публиката на Олд Трафорд ќе завршат на идентичен начин. Бекам беше продаден на Реал Мадрид, а шпанскиот гигант е основниот фаворит за потписот и на Вејн Руни.

Одговорот на оваа шпекулација и не е така тежок ако се знае дека Бензема е незадоволен од минутажата и статусот во Реал. А од друга страна Фергусон е спремен да направи тандем Бербатов – Бензема доколку замине Руни.

Новинарите направија коефициенти за иднината на Руни.

Можни дестинации на Руни по заминување од Манчестер Јунајтед, коефициент:

Останување 1.40
Манчестер Сити 3.0
Реал Мадрид 3.50
Барселона 3.75
Челзи 10.0
Интер 15.0
Милан 17.0
Јувентус 21.0
Арсенал 34.0
Баерн 41.0
Евертон 51.0
Ливерпул 51.0