My Bloglist

сабота, 8 мај 2010

Немања Видиќ ги демантира шпекулациите

Тој вели дека е среќен на Олд Трафорд, и уште еднаш потврдува дека не би сакал да си замини од Манчестер Јунајтед.

Тој помина четири години на Олд Трафорд и стана еден од најдобрите дефанзивци на светот и партнерството со Рио Фердинатд се смета како најдобар дефанзивен тандем во европа.

“Не можам да сторам ништо за шпекулациите.” – рече Видиќ за Sky Sports News.


“Многу пати кажав дека останувам тука и на теренот сум ја покажал мојата верност и посветеност. Уживам во играњето фудбал. Ништо не е променето, јас сум тука.”

За Daily Mirror српскиот интернационалец додаде: “Кажете ми го клубот каде што ќе можам да отидам а тој да е подобр од Манчестер Јунајтед?”

“Нема многу клубови во светот каде што можете да отидете а тие да бидат подобри.”

“Јас сум среќен тука. Јунајтед одигра голем дел од моето напредување. Се што направив тука го почитувам. Ќе се обидам да го дадам најдоброто од себе на теренот колку што е можно подолго.”

“Заморен сум од говорењето за мојата иднина. Го давам максимумот за Јунајтед и секогаш ќе се обидувам да го правам тоа. Мислам дека мојата посветеност говори како размислувам.”

“Не можам да ги сопрам шпекулациите и да ги натерам луѓето да говорат за мојата иднина но имам уште две години од договорот и сум среќен тука.”

“Потребно е да мислам за наредната сезона, да се подготвам, да бидам фокусиран и да се осигуран дека ќе ги одбегнам повредите.”