My Bloglist

сабота, 9 октомври 2010

Фергусон доведува белгиски репрезентативец како заменик на Сколс

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон е подготвен да преговара со белгискиот гигант Стандард Лиеж за ангажирање на Стивен Дефур.

22-годишниот фудбалер изминатата година некое време беше поврзуван со трансфер на Олд Трафорд, но  на крајот испадна дека сите тие шпекулации биле лага.

Сепак, истата приказна повторно се актуелизира оваа сезона, а англискиот печат пишува дека според Ферги Дефур би бил совршен заменик на ветеранот Пол Скосл кој наскоро се очекува да стави крај на  кариерата, поради повредата која ја има.

Инаку, Дефур е репрезентативец на својата земја, а воедно е и капитен на белгискиот прволигаш Стандард. Стивен се смета за еден од најголемите таленти во Белгија.

Агентот на Стивен - Пол Стефани во интервју изјави дека неговиот клиент има големи шанси да го замени Сколс доколку премине во Јунајтед, но сеуште ништо не најавува.

Кариерата на Вес Браун во Јунајтед доведена во прашање по конфликт со Фергусон

Иднината на одбранбениот играч на Манчестер Јунајтед Вес Браун на Олд Трафорд е под сериозен знак прашалник поради скандалот со сер Алекс Фергусон.

Браун и неговиот менаџер влегле во вербален конфликт уште за време на летната предсезонска турнеја на „Црвените Ѓаволи“ во САД.

Причината за тоа е доста смешна и чудна - играчите на Јунајтед сакале да се забавуваат, но шкотскиот стратег му забранил на Вес Браун да биде со своите колеги, поради непознати причини.

Уште тогаш двајцата си упатиле остри реплики еден кон друг и дошло до голем скандал, а после тоа англискиот репрезентативец не започнал ниту еден натпревар на Јунајтед во новата сезона од првата минута.

31-годишниот фудбалер сепак успеа да се задоволи со стартното место против Ренџерс во Лигата на Шампионите, но тогаш Фергусон се сожалил и го повлекол тој потег поради настинката на Рафаел.

Според последните информации, дефанзивецот се обидел да дознае од Сер Алекс зошто не игра и во текот на минатата недела уште еднаш дошло до караница меѓу нив двајца.

Самиот Вес изјави дека веќе се сомнева дали има иднина на Олд Трафорд по сето она што се случило помеѓу него и Фергусон, а каков епилог ќе добие сето ова останува да видиме.

Ван дер Сар ги отфрла шпекулациите за пензионирање по крајот на сезоната

Голманот на Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар ги отфрла гласините кои велеа дека ќе се пензионира по крајот на сезоната.

Тренерот на голманите во Јунајтед, Ерик Стил на почетокот од оваа недела изјави дека очекува ветеренот Ван дер Сар да се пензионира по крајот на оваа сезона.

Сепак 39 годишниот Холанѓанец веднаш ги отфрли ваквите сугестити и инсистира дека тој сеуште не донел одлука за својата иднина.

“Тоа се комплетни глупости.” – рече Ван дер Сар.

“Не знам од каде излегоа овие стории но тоа се глупости.”

“Не знам дали ќе престанам или ќе продолжам со фудбалот по крајот на оваа сезона. Сега не мислам на оваа тема.”

“Дури кон крајот на сезоната ќе донесам одлука. Во моментов сум посветен само на Јунајтед.”