My Bloglist

вторник, 2 ноември 2010

Јунајтед лесно против Бурсаспор




Манчестер Јунајтед е на најдобар пат да го обезбеди пласманот во 1/8 финалето од ЛШ откако вечерва на гости ја совлада Бурсаспор со 3-0. Првото полувреме натпреварот помина во досадна атмосфера, игра на средината на теренот и без многу шанси. Само што почна второто полувреме Флечер со удар од страна од 10-ина метри го отвори резултатот за водство од 1-0 и веќе се знаеше дека по тој гол Манчестер ќе ја нагази топката и ќе го приведе натпреварот до крај. И не само тоа туку постигна и уште два гола за убедлив триумф од 3-0 и тоа головите ги постигнаа младите надежи на клубот Обертан и Бебе. Обертан стартуваше уште од првата минута на овој натпревар и ја оправда довербата со прекрасен гол во 73-та минута. Само 4 мин. подоцна и нововлезениот Бебе на одличната асистенција на Сколс го постигна и третиот гол, негов прв во ЛШ, а втор откако е играч на Манчестер Јунајтед. Во нашата група победи и Валенсија дома со Ренџерс па така сега табелата изгледа вака:

1. Манчестер Јунајтед 3 1 0 5:0    10
2. Валенсија 2 1 1 8:2    7
3. Ренџерс 1 2 1 2:4     5
4. Бурсаспор 0 0 4 0:9     0