My Bloglist

петок, 30 април 2010

Вејн Руни со нова награда


После наградата за најдобар играч во Премиер Лигата, која му ја донесоа играчите, Руни се закити со уште една награда за најдобар играч во англија која му ја донесоа преку 700 новинари.

“Задоволен сум што освоив ваква награда со многу историја и традиција.“ – рече Руни

“Тоа што можам да следам долга линија на одлични фудбали кои биле почестени од Асоцијацијата на Фудбалски Новинари од 1948 па навака ми дава голема гордост.”

“Сакам да ја искористам оваа можност и да му се заблагодарам на мојот менаџер во Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, тренерскиот персонал и моите соиграчи, без чија помош и поддршка немаше да можам да ја освојам оваа награда.”

“Исто така голема благодарност до моето семејство и пријатели за нивната константна поддршка.”

“Исто така им благодарам и на членовите од Асоцијацијата на Фудбалските Новинари кои гласаа за мене и со нетрпение чекам лично да ја подигнам наградата за Фудбалер на Годината на гала вечера во Лондон на 13 мај.”

Наградата ќе ја подигне на 13 мај на Гала вечерта во Лондон која се одржува од 1947 година.

Зад него останаа Дидие Дрогба и Карлос Тевез.

четврток, 29 април 2010

Ферги заинтересиран за играчите на Лион

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон е заинтересиран за голманот на лион Хуго Лорис и босанецот Пјаниќ.
Лорис во последниве неколку сезони се покажа како исклучиво добар и интелегентен голман кој речиси никогаш не прави грешки.
Манчестер Јунајтед е спремен да испрати 15 милиони за замената на Едвин Ван Дер Сар еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот.

Покрај Лорис најзаслужен за пласирањето на лион во полуфиналето е и Пјаниќ , Фергусон веќе има испратено скаути да го следат 19-годишниот Пјаниќ.Но за Пјаниќ е заинтересиран и нашиот лут ривал Челзи кои уште од прошлото лето се обидуваат да го доведат Пјаниќ во нивните редови.

среда, 28 април 2010

Манчестер заинтересиран за хрватот Лука Модриќ

Во англиските медиуми повторно се појавија шпекулациите според кои Лука Модриќ ова лето би можел да се пресели на Олд Трафорд заедно со Герет Бејл, додека од Јунајтед во Тотенхем по четири сезони би можел да се врати Мајкл Керик.

Приказната за заинтересираноста на Манчестер Јунајтед за Лука Модриќ е стара веќе некои осум месеци кога за прв пат во јавноста исплива информацијата за интересот на Сер Алекс Фергусон на Олд Трафорд.

Но, сето тоа тогаш се засноваше само на шпекулациите, но иако во медиумите не се пишуваше за интересот на Манчестер за хрватскиот репрезентативец, очигледно желбата на „црвените ѓаволи“ не спласнала. Така во англиските медиуми повторно се појавија шпекуалциите дека Лука Модриќ би можел да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Како што пишува островскиот печат, Тотенхем е многу загреан за Мајкл Керик кој токму од Вајт Харт Лејн во летото 2006-та година се пресели во Јунајтед, а англискиот дневник „Дејли Мејл“ тврди дека ова лето би можел да се врати во тимот на „спарсите“.

Според тоа, Лука Модриќ на „Театарот на Соништата“ би можел да дојде во пакет со Герет Бејл, кој оваа сезона покажува фантастични игри во дресот на Тотенхем, а веќе споменатиот Керик да се врати во својот поранешен клуб.

Нови Дресови на Манчестер Јунајтед

Англискиот дневник „Сан“ пишува дека новите дресови на тројниот последователен англиски фудбалски шампион, Манчестер Јунајтед од голема мера ќе подсетуваат на оние кој „црвените ѓаволи“ ги носеа во почетокот на осумдесетите.
Поточно, станува збор за дресовите во кој Стив Копел и останатите од Олд Трафорд ги носеа во сезоната 1980/81.

Новите дресови ќе бидат во ретро стил за сезоната 2010/11 и домашната и гостинската гарнитура. Манчестер Јунајтед и официјално ќе ги представи на предсезонската турнеа во САД.Нивниот дизајн ги потпишува германскиот производител на спортска опрема „Најк“, а на чело на дресовите ќе се наоѓа името на новиот спонзор, америчката осигурувачка и инвестициска компанија, АОН.
Мене искрено не ми се допаѓаат новиве дресови на Манчестер Јунајтед.
Еве и уште неколку слики :

вторник, 27 април 2010

Руни: Утеха ми е тоа што на СП ќе бидам посвеж

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни се надева дека повредата која го мачи во овој момент ќе го остави посвеж за светското првенство ЈАР.
Руни најверојатно ќе биде спремен за настап на последниот лигашки натпревар за црвените ѓаволи оваа сезона против Стоук Сити.

„Задоволен сум што одиграв доста добро оваа сезона во која има светско првенство, но последните два месеци беа тешки за мене во однос на повредите“.

„РАзочаран сум што протуштив неколку натпревари во последните недели, нема играч кој сака да ги гледа останатите, тешко е кога знаеш дека не можеш да влијаеш на некој натпревар, тоа е разочарувачко“.

„Сепак, доколку имам некаква утеха тоа е фактот што најверојатно ќе бидам посвеж за настап на светското првенство“,
изјави напаѓачот кој што одигра фантастична сезона во дресот на Јунајтед и беше избран за најдобар фудбалер во Англија за сезоната 2009/10.

Манчестер Јунајтед ќе го ангажира Мауро Босели од Естудијантес

Откако што потпишаа договор со одличниот репрезентативец на Мексико, Хавиер Хернандез, управата на Манчестер Јунајтед е подготвена на првиот ден од летниот преоден рок да го купи и напаѓачот на аргентински Естудијантес, Мауро Босели.

Според информациите од острвоските медиуми, Јунајтед останал во добар контакт со најдобриот играч на Естудијантес, Хуан Себастијан Верон, и тој ќе ја одигра клучната улога во трансферот на Босели на "Олд Трафорд".

Верон веќе разговарал со Босели и го советувал да замине во Англија, бидејќи таму сигурно ќе напредува, а и ќе му се допаѓал животот во Манчестер.

Неговата цена е пет милиони фунти, што за "ѓаволите" секако нема да претставува проблем бидејќи сеуште не ги потрошија парите кои ги добија од трансферот на Кристијано Роналдо.

Планот на Алекс Фергусон е во следната сезона покрај Руни да има уште двајца убиствени јужноамерикански шпица, што наведува на размислување дека деновите на Мајкл Овен и Димитар Бербатов на "Олд Трафорд" се одбројани.


понеделник, 26 април 2010

Руни: Под водство на Фергусон созреав како играч

Вејн Руни му одаде признание на својот менаџер Алекс Фергусон синоќа во Лондон во текот на свеченото прогласување за најдобар фудбалер во Англија за сезоната 2009/2010. "Сер Алекс Фергусон е одличен тренер кој ме подигна како играч откако пристигнав во Манчестер Јунајтед во 2004-та година. Сојот глад за успеси успеа да го пренесе и на играчите. Сјајно е да се види дека нималку не е променет иако се приближува до 70-та година од својот живот. Сигурен сум дека ќе биде со нас уште долго време" изјави Руни кој здруженито на професионални фудбалери му ја додели наградата за најдобар фудбалер во оваа сезона. Руни исто така порача дека набрзо ќе се опорави од повредата. "Се чувствувам добро и ќе бидам спремен за Светското првенство. Јас ќе бидам подготвен уште за последното коло од Премиер лигата и дуелот со Стоук кој ќе се одигра на 9-ти мај."

Руни е фудбалер на годината во Англија

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни е избран за најдобар фудбалер во Англија за сезоната 2009/10.

Главниот реализатор на ѓаволите постигна 34 погодоци во сите натпреварувања во текот на оваа сезона и со тоа сосема заслужено ја освои наградата за играч на годината која ја дава Асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија.

Руни ја освои оваа престижна награда во конкуренција на Цеск Фабрегас, Дидие Дрогба и Карлос Тевез и на овој начин ова признане оди во рацете на фудбалер на Јунајтед.

Во текот на 2007 и 2008 година за најдобар играч во Англија беше прогласуван Кристијано Роналдо а минатата сезона наградата му припадна на ветеранот Рајан Гигс.

Во својата кариера Руни има три титули на Англија, два Лига купови а еднаш го има кренато и трофејот на Лигата на Шампионите. Во текот на 2005 и 2006 беше добитник на наградата најдобар млад фудбалер во Англија - признане кое годинава му припадна на играчот за врска на Астон Вила, Џејмс Милер.

Почнуваме

Започнува со работа Македонскиот фан блог на најдобриот тим на сите времиња Манчестер Јунајтед.
Еден голем поздрав до сите навивачи на Јунајтед од Македонија со песната :
Glory, Glory, Glory,Man United
Glory, Glory, Glory,Man United
Glory, Glory, Glory,Man United
As the red's keep marshing on, on, on!!