My Bloglist

вторник, 28 септември 2010

Валенсија - Манчестер Јунајтед (ЛШ, групна фаза, 2 коло)

Стадион: Местаља, 29 септември, среда, 20:45ч.

- По неуспешниот поход на Јунајтед да се врати од гостувањето во Болтон со планираните 3 бода во рамките од натпреварите во Премиер лигата, "четата" на Алекс Фергусон е пред нов, тежок испит наречен гостување на Валенсија на стадионот Местаља. Овој дуел според многумина ќе реши која од овие две екипи ќе го завземе првото а кој второто место во групата  Ц во натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите.

- Ако Јунајтед сезонава сеуште ја игра во крајно променлива форма истото не може да се каже за шпанските "лилјаци" предводени од младиот и талентиран шпански стратег Унаи Емери. Валенсија, во среда, ќе ги пречека "црвените ѓаволи" како лидер во Премиера дивизион со бод предност пред Барселона и 2 пред Реал Мадрид. Тоа се должи на 4-те победи и едното реми во првите 5 кола во шпанската лига. Иако се очекуваше Валенсија да биде далеку по неконкурентна од ланската сезона пред се поради продажбата на двајцата главни играчи Давид Виља и Давид Силва сепак оваа година колективната игра на Валенсија е таа што дава резултати...

- Доколку ја изземе победата над Сканторп во Карлиг куп натпреварувањето (бидејќи станува тим кој се натпреварува во втората по ред лига во Англија), оваа сезона Манчестер Јунајтед сеуште нема славено на гостински терен. На последните три гостувања фудбалерите на Јунајтед исто толку пати одиграа нерешено, па затоа пред англичаните се наметнува една крајно тешка задача во овој натпревар. Згора на тоа, во првото коло од Лигата на шампионите, Јунајтед одигра нерешено на домашен терен против екипата на Глазгов Ренџерс додека Валенсија го прегази турскиот Бурсаспор со 4-0 и тоа како гостин сред Турција.

- Дополнителна грижа на Сер Алекс Фергусон секако му создаваат и повредите на неколку играчи... Па така поради повреда, за Шпанија не отпатуваа Валенсија, Гигс и Руни, додека Фердинанд иако отпатува неговата ситуацијата сеуште е нејасна бидејќи иако фигурира како опоравен од повреда, сепак не настапи на натпреварот Болтон - Манчестер Јунајтед. Со составот исто така не отпатуваа Сколс и Невил... Дали станува за поситна повреда или одмор останува да видиме... Сепак, добра вест за фановите на Јунајтед е враќањето од повреда на Карик кој е повикан во екпедицијата на Манчестер, а повикан е и талентираниот Бебе кој имаше неколку добри минути на средбата со Сканторп...

Тимот кој отпатува (22 фудбалери): 
Голмани: Ван Дер Сар, Кушчак, Амос; 
Одбрана: Смалинг, Фердинанд, Видич, Евра, О'Ши, Еванс, Рафаел, Браун;
Средина: Андерсон, Нани, Бебе, Карик, Гибсон, Флечер, Парк;
Напад: Бербатов, Македа, Чичарито, Овен;