My Bloglist

недела, 3 октомври 2010

Четврто реми на гостувањата за Манчестер Јунајтед во Премиер Лигата




Манчестер Јунајтед никако да победи на гостувањата во новата сезона во Премиер лигата. Во четвртото гостување повторно одигра нерешено овојпат со Сандерленд на Стадионот на светлината 0-0. Алекс Фергусон се одлучи на овој натпревар да поштеди неколку играчи кои играа во дуелот со Валенсија како Бербатов, Керик, Евра, Парк па во нападот се најдоа од првата минута Овен и Македа. Првото полувреме целосно помина во доминација на домаќините кои имаа повеќе посед на топката и неколку добри шанси. Манчестер претежно се бранеше и тоа го правеше доста добро. Секако таквата ситуација не му се допаѓаше на Ферги па во второто полувреме уште од почетокот го стави во игра Бербатов на местото на Овен, подоцна во 65-та минута на местото на Македа влезе во игра и Хернандез со надеж дека ќе постигне некој гол како во дуелот со Валенсија, но тоа не се случи. Сепак се осети подобрување на креативноста во нападот, но пак со многу малку шанси. Бербатов имаше една одлична шанса но не ја искористи. Во финишот на натпреварот деби настап забележа и Португалецот Бебе, но без некој посебен ефект. Во меѓувреме Сандерленд беше многу блиску до постигнување на гол, но Јунајтед за сојузник ги имаше Ван Дер Сар на голот, разиграните Видиќ и Фердинанд како и среќата при неколку опасни ситуации. Факт е дека тимот сеуште ја бара својата форма, посебно на гостувањата, но прашање на време е кога и тој малер ќе биде пробиен. Како и да е Манчестер сеуште нема пораз во новата сезона, а уште повеќе радува фактот дека ова е втор натпревар по ред без примен гол заедно со оној против Валенсија, само се чека нападот да се разигра и конечно да се направи некоја серија на добри резултати.

Денеска од 17:00 се игра и дербито на ова коло Челзи-Арсенал, натпревар кој за тимот на Фергусон најдобро би било да заврши нерешено.