My Bloglist

среда, 12 јануари 2011

Кушчак има желба да биде голман број 1 на Олд Трафорд

Томаш Кушчак сака да си осигура долгорочна иднина на Олд Трафорд и да биде голманот број 1 на Манчестер Јунајтед.

Интернационалецот од Полска беше стартер на последните три натпревари во отсуство на повредениот Едвин ван дер Сар, голманот посакува да го замени Холанѓанецот на перманентна основа.

Се очекува Ван дер Сар да стави крај на кариерата по крајот на сезоната и многумина се сомневаат дека Кушчак поседува квалитет за да го наследи Ван дер Сар.

Сепак, откако успеа да ја зачува својата мрежа на ФА Куп средбата со Ливерпул, Кушчак изрази желба да ги покаже своите способности за да го наследи Ван дер Сар.

“Секој натпревар е многу значаен за мене.” – рече Кушчак.

“Сакам да покажам дека можам да го наследам Едвин. Ние помладите играчи, потребно е да бидеме подготвени.”

“Кога играме, мораме да играме многу добро.”

Кушчак се поврзува со позајмица во Лестер Сити но Пољакот е фокусиран само на тоа како да добива поголема минутажа на Олд Трафорд.

“Има многу шпекулации за мојата иднина но јас се надевам дека ќе можам да добијам поголема минутажа во Манчестер Јуанјтед.”

“Секогаш имало голема конкуренција во овој клуб и секогаш ќе има. Така се одвиваат работите во фудбалот.”

“Јас само сакам да одиграм добро секогаш кога ќе ми се укаже шанса. Тоа ќе ми обезбеди иднина во Манчестер Јунајтед.”

Сепак и покрај големата желба, Кушчак има мали шанси за станување голман број 1 на Олд Трафорд со оглед на тоа дека Сер Алекс веќе го ангажираше Андерс Линдегард а ’Црвените Ѓаволи’ додатно се поврзуваат и со Рене Адлер и Мануел Ноер.