My Bloglist

вторник, 7 септември 2010 г.

Руни ќе го изневери Манчестер?

Навивачите на Манчестер Јунајтед можат да бидат загрижени по ново откриените приватни проблеми на нивниот најдобар играч Вејн Руни.

Ѕвездата има уште 18 месеци од истекот на договорот, а преговорите околу новиот се уште не се започнати.

Руни му вети на сер Алекс Фергусон дека по завршување на СП ќе стави потпис на нов петгодишен договор според кој би требало да заработува по 140.000 фунти неделно, се уште нема такво нешто.

Ако Руни до следното лето не потпише нов договор Манчестер ќе изгуби многу милиони. Вејн практички ќе биде слободен играч и ќе може да одбере во кој клуб сака да игра.

Гигс селектор на Велс?

Триесет и шестгодишниот играч на Јунајтед Рајан Гигс е легенда на велшкиот фудбал и на Манчестер Јунајтед. Од 1990 година ги брани боите на Манчестер Јунајтед и никогаш не го сменил клубот.

Велс лошо ги започна квалификациите со пораз од Црна Гора од 1:0. По тој пораз велшкиот селектор Џон Тошак изјави дека најдобро е да си замине од функцијата и на негово место да дојде Рајан Гигс.

Гигс знае дека тоа е одговорна работа но сака да ја прифати и во исто време да игра за Јунајтед затоа што чувствува фудбалски оган во себе и желба да игра и да стане селектор.

понеделник, 6 септември 2010 г.

Руни ќе игра против Швајцарија

Вејн Руни ќе игра за Англија на натпреварот со Швајцарија од групата Г на квалификациите за настап на Евро 2012.

Руни е спремен и сака да игра и покрај скандалот. Италијанецот се надева дека Руни ќе ја повтори добрата игра од минатиот петок.

Хицфилд изјави дека очекува Капело да го пушти Руни во игра бидејќи напаѓачот е во одлична форма и неможе да си дозволи играч од неговиот калибар да седи на клупа.

Бебе влезе во составот на Манчестер за ЛШ

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед се реши да го вклучи новото засилување Бебе во групата од 25 фудбалери за натпреварите во Лигата на Шампионите.



Вчера, Јунајтед објави дека Бебе нема да биде пријавен во УЕФА заедно со повредениот, 29-годишен Овен Харгривс но сепак Бебе е регистриран во тимот.

Пике: Сер Алекс ми беше како втор татко на Олд Трафорд

Дефанзивецот на Барселона Џерард Пике изјави дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон му бил како втор татко за време на престојот на Олд Трафорд.


Како што е познато, централниот одбранбен играч пред да стекне светски популарна слава беше дел од црвените ѓаволи и играше за Јунајтед помеѓу 2004 и 2008 година.

Пике изјавил дека на 17 години многу работи му недостасувале во Барселона особено храната.

Фергусон ја разбрал неговата ситуација и му помогнал да порасне. За него бил како втор татко.

Хицфелд пред неколку години одбил да го преземе Јунајтед

Селекторот на Швајцарија Отмар Хицфелд пред неколку години одбил да го преземе раководењето со Манчестер Јунајтед.

Причината била тоа што Хицфелд сметал дека англискиот јазик не му бил доволно добар и ќе имал проблеми да постигне успех на Олд Трафорд.

Германскиот стратег беше еден од фаворитите да ја преземи клупата на „црвените ѓаволи“ откако во сезоната 2001/2002 Сер Алекс Фергусон објави дека става крај на тренерската кариера на крајот од сезоната.

недела, 5 септември 2010 г.

Јунајтед веќе во преговори со Нинис

Во Јунајтед се надеваат дека ке успеат да го доведат играчот на Панатинаикос Сотириос Нинис.

Јунајтед ке ја искористат клаузулата на играчот која вреди 8 милиони фунти за да го доведат 20- годишниот Нинис за кој Ферги трвди дека е играч за во иднина.

Јунајтед веќе започнале преговори со клубот од Атина околу потписот на Нинис за следната сезона.

И покрај интересот на Реал Мадрид и Милан, Јунајтед е во добра позиција откако им даде до знаење на Грците дека имаат намера да ја платат клаузулата во неговиот договор.