My Bloglist

вторник, 27 април 2010

Манчестер Јунајтед ќе го ангажира Мауро Босели од Естудијантес

Откако што потпишаа договор со одличниот репрезентативец на Мексико, Хавиер Хернандез, управата на Манчестер Јунајтед е подготвена на првиот ден од летниот преоден рок да го купи и напаѓачот на аргентински Естудијантес, Мауро Босели.

Според информациите од острвоските медиуми, Јунајтед останал во добар контакт со најдобриот играч на Естудијантес, Хуан Себастијан Верон, и тој ќе ја одигра клучната улога во трансферот на Босели на "Олд Трафорд".

Верон веќе разговарал со Босели и го советувал да замине во Англија, бидејќи таму сигурно ќе напредува, а и ќе му се допаѓал животот во Манчестер.

Неговата цена е пет милиони фунти, што за "ѓаволите" секако нема да претставува проблем бидејќи сеуште не ги потрошија парите кои ги добија од трансферот на Кристијано Роналдо.

Планот на Алекс Фергусон е во следната сезона покрај Руни да има уште двајца убиствени јужноамерикански шпица, што наведува на размислување дека деновите на Мајкл Овен и Димитар Бербатов на "Олд Трафорд" се одбројани.