My Bloglist

среда, 5 мај 2010

Давид Силва :Неможам да одбијам понуда од тим како Манчестер

Тој вели дека не би можел да одбие понуда од тим како Манчестер Јунајтед.
Тој изјави дека би сакал да игра во Премиер Лигата, но и исто така дека е задоволен во Валенсија ,но тој вели дека секој играч си има своја цена.

"Чест е кога ќе слушнете дека клуб како Манчестер Јунајтед се интересира за вас" - вели Давид Силва.

"Имам голема почит кон Премиер лигата, и во изминатите години таа стана најдобра лига во светот".

"Доколку добијам повик, особено од клуб како Манчестер Јунајтед, би било многу тешко да ја одбијам".

"Среќен сум во Валенсија, но секој фудбалер има своја цена и доколку тие добијат прифатлива понуда за клубот, се е можно"