My Bloglist

петок, 20 август 2010

Руни 1076 минути без гол, Ферги смета дека е еден од најдобрите.

Големата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни изгледа заборавил како се постигнува гол, нешто што во изминатата сезона го правеше доста лесно постигнувајќи 34 голови во сите натпреварувања.

Речиси пет месеци или 1076 минути „гол-машината“ не функционира, а последниот погодок на Руни датира од 30. Март кога Руни во втората минута постигна погодок против Баерн Минхен, но и покрај ова менаџерот на „црвените ѓаволи“ Сер Алекс Фергусон и понатаму смета дека 24-годишниот англиски репрезентативец е еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Според Шкотланѓанецот, Руни сеуште е млад фудбалер, кој продолжува да учи, а по 2-3 години може да се очекува тој да го стигне врвот на својот потенцијал.

„Вејн е еден од најдобрите напаѓачи на светот. Тој сеуште е млад и има што да учи каде да се развива. Кога некој играч ќе биде на 26 или 27 години, тогаш може да се каже дека тој го стигнал врвот на својот потенцијал. Се нандевам дека тоа ќе се случи со Руни.“ - рече Ферги.