My Bloglist

сабота, 21 август 2010

Немања Видиќ го потпиша новиот договор

Немања Видиќ вчера потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед, кој со клубот од "Олд Трафорд" го врзува до 2014. година.

Договорот беше уште претходно најавен, а сега е потврден и со ставање на потписот на новиот договор.

"Многу сум среќен поради новиот договор. Дојдов во клубот уште кога бев млад играч и значително се развив со помош на тренерот, стручниот штаб и моите соиграчи. Имавме многу успеси од кога дојдов во клубот и се надевам дека така и ќе продолжиме и следните сезони." - изјавил Видиќ по потпишување на договорот.

Презадоволен од останувањето на Србинот во Јунајтед бил и тренерот Алекс Фергусон.

"Овој потпис ќе стави крај на сите глупави гласини кои се појавија изминатиот месец. Немања се разви во еден од најдобрите дефанзивци во Европа и среќни сме што ќе биде овде и следните години" - рекол Фергусон.