My Bloglist

петок, 27 август 2010

Манчестер Јунајтед - Вест Хем (3 коло)

Олд Трафорд, 28 август, сабота, 18:30ч.


- По разочаровачките 2-2 со Фулам од минатата недела, Манчестер Јунајтед оваа сабота на свој терен го пречекува тимот на Вест Хем, екипа која го има својот најлош старт откако постои Премиер лигата. "Чеканите" ги изгубија и двата почетни натпревари, притоа примајќи шест гола додека успеале да ја затресат мрежата само еднаш.

- Во овој натпревар "црвените ѓаволи" влегуваат како апсолутни фаворити бидејќи освен што се далеку поквалитетен тим од Вест Хем и што играат на домашен терен, во нивна корист оди и традицијата која вели дека Јунајтед славел во последните 5 дуели постигнувајќи дури 14 погодоци а примајќи само еден.

- Во првиот тим на "бебињата" се враќа и Вејн Руни кој го пропушти дуелот со Фулам поради стомачен вирус... Сигурно дека најдобриот играч во редовите на Манчестер Јунајтед ќе сака да ја прекине серијата од 13 натпревари без постигнат гол (со се натпреварите за Англија), а тимот од источен Лондон, во овој момент, е идеална можност за тоа.

Веројатени стартери:
Ван Дер Сар; Рафаел, Еванс, Видич, Евра; Валенсија, Сколс, Карик, Нани; Бербатов, Руни;