My Bloglist

среда, 25 август 2010

Манчестер Јунајтед утре ги дознава противниците за групната фаза во ЛШ

Како што е добро позната вообичаена пракса изминатите 10-ина и повеќе години кон крајот на август во Монако се врши ждрепката за најквалитетното светско клупско натпреварување, Лигата на Шампионите. Настапот во ЛШ  за некого е недостижен сон, за некого голем успех во клупската историја, а за јак клуб со традиција и успеси како Манчестер Јунајтед тоа е турнир каде мора да се учествува по секоја цена. Веќе неколку години наназад со освојувањата на титулите во Премиер Лигата или најмалку второто место Јунајтед не игра во квалификациските кола туку директно во групите. Така ќе биде и овојпат па со нетрпение навивачите ја очекуваат утрешната ждрепка во Монако (18:00 часот) за да дознаат со кои екипи ќе се борат за пласман во нокаут-фазата. денес се играат последните натпревари од квалификациите по што ќе биде познат комплетниот список на учесници и шеширите за утрешната ждрепка. Манчестер Јунајтед секако ќе биде во првиот шешир како носител, а таму најверојатно треба да бидат и Барселона, Арсенал, Челзи, Интер, Лион, Баерн Минхен и евентуално Милан бидејќи лани беа во втор шешир ама стигнаа до 1/4 финале, каде беа елиминирани токму од Јунајтед :), резултат кој би требало да е доволен за да го подобрат УЕФА коефициентот за да бидат носители. Од позвучните имиња кои би требало да му бидат можни противници на Јунајтед се: Валенсија, Реал Мадрид, Рома, Бенфика,Вердер Бремен... другите воглавно просечни екипи со кои не би требало да има проблеми. Досега во натпреварувањата на УЕФА, Манчестер Јунајтед има освоено 6 трофеи од кои 3 токму во ЛШ. Сеуште се свежи сеќавањата од 2008 и финалето во Москва кога по долга пауза, по легендарното финале против Баерн Минхен (1999, 2-1), Јунајтед го победи Челзи на пенали (1-1 регуларен дел) и ја освои засега последната титула во ова натпреварување. Секако блиски и горчливи се сеќавањата од 2009 кога Јунајтед беше надигран и заслужено поразен во Рим против Барселона (2-0). Да се надеваме на добра ждрепка и секако што побезболно поминување на групата, по можност на првото место и јуриш напред преку нокаут-фазата до финалето, кое оваа сезона се игра токму во Англија и тоа на Вембли што секако ќе биде уште еден дополнителен мотив за фудбалерите на Фергусон да го донесат финалето на свое тло и секако да го освојат.


Моја желба за ждрепката:(иако не знам точно како ќе бидат шеширите)


-Манчестер Јунајтед
-Валенсија
-Ренџерс
-Партизан



Последен пат Манчестер Јунајтед го крена драгоцениот трофеј во ЛШ во Москва против Челзи по драматичното изведување на пенали