My Bloglist

сабота, 25 септември 2010

Болтон - Манчестер Јунајтед (Премиер лига, 6 коло)

Рибок стадион, 26 септември, недела, 13:00ч.



- Поразот на Челси од екипата на Ман. Шити како и поразот на Арсенал сред Емирати стадионот од екипата на ВБА е најголемиот мотив на Јунајтед да стигне до победа против Болтон. Со освојувањето на трите бода, на Рибок стадионот, избраниците на Сер Алекс Фергусон би се пробиле на втората позиција на само бод зад Челси. Со тоа Јунајтед ќе се "извади" за лошиот старт на почетокот во Премиер лигата.

- Овој натпревар е своевидно дерби бидејќи станува збор за градови кои се блиску еден со друг. Станува збор за уште едно западно-северно дерби каде Болтон е екипа која им "лежи" на црвените ѓаволи бидејќи во последните 11 гостувања, Јунајтед претрпел само 1 пораз а е во серија и од 5 победи по ред.

- Поволен момент за Фергусон е тоа што ќе настапи со целосно одморен состав кој паузираше сред неделата додека траеа натпреварите од Карлинг купот бидејќи во тие натпревари Јунајтед настапи со комплетно вториот состав. Па така во нападот на Јунајтед се очекува враќање на Бербатов кој се наоѓа во извонредна форма како и на Сколс кој ја доживува својата втора младост.

- Добра вест која доаѓа од Олд Трафорд е секако и појавувањето на Овен Харгрејвс на тренинзите додека Рио Фердинанд кој настапи на средбата против Сканторп докажа дека повредата е минато и се очекува да се појави во тимот и да го одигра својот прв премиерлигашки натпревар сезонава.

Најголемата опасност доаѓа од Елмандер и Бербатов
- Најголемата опасност од редовите на Болтон би требало да доаѓа од Елмандер кој има постигнато 3 гола и од капитенот Кевин Дејвис кој знае како да погоди против Јунајтед а до сега во сезоната има постигнато 2 гола....

- Кај Јунајтед, Бербатов има постигнато 7 гола (6 во Премиер лигата) додека Руни има само 1 постигнат гол и тоа е само мотив повеќе за него на натпреварот со Болтон конечно да заигра како што знае и умее....

Веројатен состав на Јунајтед: ВДС; Невил, Фердинанд, Видич, Евра; Нани, Сколс, Флечер, Парк; Руни, Бербатов