My Bloglist

среда, 22 септември 2010

Scunthorpe-Manchester United 2-5

Во третото коло на Карлинг Купот кој Манчестер Јунајтед го брани од мината сезона, тимот на Алекс Фергусон со комбиниран состав немаше проблеми да слави против второлигашот Сканторп и го победи на гостински терен со 5-2.

Почетниот состав кој го започна натпреварот беше: Кушчак, Браун, Фердинанд, Смалинг, Рафаел, Гибсон, Парк, Андерсон, Овен, Македа и Хернандез, а во вториот дел шанса добија Обертан и Бебе. Сканторп изненади со водството од 19-та минута, но Јунајтед брзо се врати во игра со голот на Гибсон, а брзо потоа направи и пресврт со голот на Смалинг за водство од 2-1. Во второто полувреме Јунајтед направи серија од уште 3 гола (двапати Овен и Парк) за убедливо водство од 1-5, а Сканторп намали во 90-та минута за конечен резултат 2-5. Ова секако беше добра можност за оние кои добиваат помала минутажа да се докажат, како и оние кои се мачеа со повреди подобро да се подготват за натпреварите во Премиер Лигата.

Интересно да се издвои од ова коло на Карлинг Купот е што елиминации доживеаја Челзи (пораз дома од Њукасл 3-4), Манчестер Сити (пораз на гости од ВБА 2-1) и Ливерпул (пораз дома на пенали од Нортемптон).