My Bloglist

вторник, 26 октомври 2010

Манчестер Јунајтед-Волверхемптон 3-2, Карлинг Куп, 4-то коло

Манчестер Јунајтед ја забележа втората победа во серија откако вечерва славеше во 4-то коло од Карлинг Купот против Волверхемптон со 3-2. На овој натпревар како што е вообичаено Фергусон им даде шанса на помладите играчи да се докажат, како и на некои поискусни кои сеуште ја бараат формата за во првиот тим. На голот беше Амос, во одбраната Браун, Смалинг, Еванс, Фабио, во средината Керик, Гибсон, Парк, по крилата Обертан и Бебе и во нападот Македа. Првото полувреме помина во изедначена игра без шанси. Второто полувреме беше далеку поинтересно бидејќи тука паднаа сите голови. Резултатот го отвори Бебе со својот деби гол за Јунајтед со што покажа дека има голем потенцијал само треба уште да работи. Но гостите не се отажуваа и брзо израмнија на 1-1. По една одлична акција Парк зголеми на 2-1, но гостите видоа дека против ваков Манчестер со втор тим имаат своја шанса па храбро нападнаа и израмнија на 2-2. Дури потоа имаа и неколку сериозни шанси да поведат 3-2.

 Сепак на сцена стапи Чичарито кој влезе во 80-та минута и веднаш се почувстува свежина во нападот. 2-3 добри додавања, една шанса и победнички гол. Што друго повеќе да се посака од новиот идол на навивачите откако Руни одамна не е во фокусот на теренот, Чичарито е тој кој ја собира славата и со право бидејќи за 3 дена со неговите голови му носи на Јунајтед 2 победи. Следен натпревар за тимот е во сабота на 30. 10. 2010 со Тотенхем во 18:30