My Bloglist

недела, 26 декември 2010

Фергусон бара нов голман. Дали тоа ке биде Хуго Лорис или?

По најавата дека на крајот сезоната Едвин ван дер Сар ќе се повлече од активното играње, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон од челниците на клубот побарал да дозвола да почне да бара нов чувар на мрежата.

Фергусон веќе обезбеди еден нов голман откако во тимот го доведе Данецот, Андерс Линдегард, но сепак тој смета дека му потребен уште еден поискусен фудбалер, кој ќе застане на голот на Манчестер Јунајтед.

Иако долго време се сметаше дека најсериозен кандидат е голманот на Атлетико Мадрид, Давид Де Геа, сега фаворит на Фергусон е Французинот, Хуго Јорис и за него се очекува клубот од Олд Трафорд на Лион на име на обештетување да понуди сума од 20 милиони фунти.

Од друга страна Фергусон е заинтересиран и за голманот на Баер Леверкузен кои признаа дека знаат за интересирањето на Фергусон за Рене Адлер.

Адлер, кој беше стартен голман на германскиот национален тим пред Светското Првенство ова лето, може да премине во редовите на Манчестер Јунајтед за одредената сума.
„Да, тоа е точно. Тој беше забележан од Манчестер Јунајтед, но тоа не ми е носи непроспиени ноќи." - изјави извршниот директор на клубот, Волфганг Холцхеузер.

Според медиумите во Германија сумата која била вклучен во договорот на Адлер, е 24 милиони евра, што може да се претпостави дека „црвените ѓаволи“ би можеле да ја платат за долгорочно решение на голот.

Манчестер Јунајтед пред неколку недели го доведе Андерс Линдегард од Аслунд за 4 милиони евра и многумина сметаа дека тој би бил заменикот на Ван Дер Сар, но со последниот интерес на Ферги за нови голмани може да се процени дека Шкотланѓанецот сака млад, но и искусен чувар на мрежата.