My Bloglist

среда, 15 декември 2010

Роналдо пред шокантно враќање во Јунајтед?

Ѕвездата на Реал Мадрид Кристиано Роналдо сака да си замина од Шпанија и да се врати на Олд Трафорд.

Причината за тоа е некоректниот однос кој го има на секој стадион надвор од Бернабе, каде секогаш неговите потези се проследени со свирежи, а последен доказ за тоа е „пречекот“ кој го имаше на „Ла Ромаледа“ во Сарагоса.
Лошиот однос на публиката кон него како и непочитувањето од страна на новинарите и шпанската публика го натерало Португалецот да размислува за напуштање на тамошната Лига, пишува Ел Мундо Депортиво.

Во ерата во Манчестер Јунајтед, најскапиот фудбалер на планетава веќе имаше ваков сличен проблем после распавијата со Вејн Руни на Мундијалот во 2006 година.

Арогантниот карактер и грозните гестови кон противничката публика предизвикуваат бес кај публиката надвор од Бернабе. Домашната публика пак е лесно резервирана кон него поради неговиот однос кон соиграчите. Роналдо оваа година дури ја нападна и публиката на Бернабе, порачувајќи и дека не треба да свират туку да аплаудираат и дека таквиот однос него го иритира.

Португалецот неколку пати истакна дека му недостасува Манчестер Јунајтерд а особено Фергусон па медиумите во Шпанија пишуваат дека воопшто нема да биде изненадување доколку Роналдо побара да се врати повторно на старото место каде го достигна врвот на славата и го имаше статусот на неприкосновена ѕвезда.