My Bloglist

четврток, 6 јануари 2011

Фергусон се обидува да го игнорира критичарите

Сер Алекс Фергусон верува дека Манчестер Јунајтед е лесна цел за критики и им порачува на своите фудбалери да се сконцентрираат само на играта и да ги игнорираат оние кои се сомневаат во овој тим.

Манчестер Јунајтед синоќа го победи Стоук на Олд Трафорд со 2-1. Црвените Ѓаволи не се поразени по 20 одиграни натпревари во Премиер лигата оваа сезона.

И покрај тоа што се на чело на табелата и немаат пораз, многумина веруваат дека овој Манчестер Јунајтед е послаб од тимовите на Фергусон во минатото.

Фергусон ги игнорира ваквите коментари и сака фудбалерите да се сконцентрираат само на играта.

"Ние сме лесна цел за вакви работи" - изјави Ферги по синоќешниот натпревар.

"Но потребно е само да го игнорираме тоа и да се фокусираме на нашите амбиции а тоа е да ја освоиме лигата".

На дуелот против Стоук, Фергусон ги одмори Фердинанд и Руни кои се здобија со ситни повреди на зглобот во натпреварот против ВБА.

Хавиер Ернандез ја искористи шансата и уште еднаш покажа дека може да биде голем фудбалер за иднината на Јунајтед, со добрите настапи Мексиканецот му создава главоболки на Ферги при изборот на напаѓачката двојка.

"Се разбира тоа ми прави проблем кога Вејн е фит и подготвен за настап".

"Но тоа се вид на проблеми какви што сакате да имате. Низ годините, напаѓачите што сум ги имал секогаш ми создавале вакви проблеми".

"Тоа е работата на Чичарито. И колку долго успева да ги тресе противничките мрежи, толку ми создава ваков тип на проблеми".

Фергусон има пофалби и за Крис Смалинг кој го имаше првиот старт во Премиер лигата за Јунајтед.

"Крис Смалинг беше одличен. За 20 годишен фудбалер одигра многу добро".

"Задоволен сум со неговиот напредок. Тој сигурно е иднина на овој клуб".