My Bloglist

понеделник, 9 јануари 2012

Јунајтед подобар од Сити во Фа Куп!

 Највозбудлива пресметка во изминатово коло од Фа Куп беше градското дерби помеѓу Ѓаволите и Граѓаните. Јунајтед на Етихад Стадионот го совлада својот најголем ривал оваа сезона. Сити не успеа да се спротистави на избраниците на Фергусон, со што Манчини и своите фудбалери не успеаа повторно да го победат Јунајтед и да останат во трка за одбрана на титулата во Фа Куп. На овој натпревар настапи легендата на Јунајтед, Пол Сколс кој повторно се врати во тимот за да помогне на своите соиграчи.
 Јунајтед одлично го започна натпреварот. Веќе во 11 минута, Валенсија упати центаршут кон голот на Сити, а Руни лесно ја смести топката во противничката мрежа. Минута подоцна поради остар старт на Компани над Нани, судијата му покажа црвен картон на играчот од Сити. Јунајтед со играч повеќе на теренот го зголеми своето водство на 0-2 во 30 минута, благодарение на младиот Велбек. Во 39 минута беше досудена и најстрогата казна. Руни го изведе пеналот, но голманот на граѓаните се обиде за миг да го зачува голот. Англичанецот од одбиена топка без никаков проблем ја смести топката за водство од 0-3 до крајот на полувремето.
 Во почетокот на вториот дел, Коларов изведе одличен слободен удар за намалување на негативата на 2 гола. Јунајтед ја имаше контролата на играта, но Агуеро ја искористи својата шанса за намалување на 2-3 и приреди возбудливо продолжение на натпреварот. Сити се обидуваше да изедначи, но Јунајтед го зачува водството до крајот на натпреварот со што го елиминира Сити од Фа Куп.