My Bloglist

недела, 15 јануари 2012

Пофалба од Фергусон за Сколс

Сколс имаше голем камбек во натпреварот од ФА Купот против Манчестер Сити, вчера тој за прв пат настапи како стартер.
 
Сколс го постигна својот 151 гол во дресот на Манчестер Јунајтед и му донесе водство на тимот од 1-0 во победа од 3-0 над Болтон.
 
"Ова е добар резултат. Мислам дека можевме да постигнеме и повеќе во првото полувреме, имавме голем број на одлични шанси, на моменти игравме фантастичен фудбал" - изјави Фергусон по натпреварот.
 
"Но треба да почекавме до пред крајот на првото полувреме за да постигнеме гол и да се ставиме во добра позиција".
 
"Го ставивме Сколс за подобра контрола во средниот ред кој ти може да ја даде".
 
"Но тој има инстикт, секогаш имал инстикт за гол и веројатно си рекол, добро полувреме ќе биде сега, ќе отидам напред и ќе се коцкам, и постигна гол за нас кој беше многу важен".