My Bloglist

среда, 18 јануари 2012

Фергусон сака да биде наследен од Солскер

Фергусон изјави дека поранешниот фудбалер на црвените ѓаволи Оле Гунер Солскер може да биде негов наследник.

„Денес многу играчи почнуваат тренрска кариера бидејќи немаат што друго да работат кога ќе заминат ја завршат кариерата. Со Солскер ситуацијата е поинаква бидејќи од секогаш велеше дека сака да биде тренер“, вели Фергусон.

„А колкав професионалец е најдобро покажува податокот дека во текот на играчката кариера на тренинг носеше тетратка и ги запишуваше важните податоци“, открива Фергусон.

Моментално Солскер е тренер на норвешкиот тим Молде, со кого во 2011 година го освои државното првенство.