My Bloglist

сабота, 28 јануари 2012

Кајт го израдува Ливерпул пред крајот на мечот

  Ливерпул го елиминира Јунајтед од Фа Купот. На Енфилд Ливерпул се радуваше со 2-1, со голот на Дирк Кајт во 88 минута. Тежок натпревар за двете екипи, но и многу грешки на обете страни. Давид Де Геа имаше тешки моменти и лоши киксови, што ваквата игра на Шпанецот може да му го одземе првото место на голо. Кај екипата на Јунајтед голем број ограчи немаа шанса да играат.
  Видич, Флетчер немаат шанси на настап до крајот на сезоната, Андерсон, Клеверли, Џон, Јанг се повредени истотака и Руни и Нани го прескокнаа натпреварот на Енфилд.
  Даниел Агер го постигна првиот гол на мечот во 21 минута, од одлично изведен корнер. Де Геа беше немоќен да го запре стоперот на Ливерпул. Во 39 минута Рафаел одлично се протна низ десната страна и уфрли кон Парк, Џи-Сунг без многу мислење ја упати топката кон голот на Реина за 1-1. Во вториот дел имаше притисок од Јунајтед, Велбек имаше убава шанса за гол, но не ја искористо. Кени Далглиш ги уфли Белами и Кајт во игра. Ливерпул напаѓаше, дури 6 играчи се наоѓаа пред голот на Де Геа. Јунајтед имаше повторно голема шанса. Чичарито кој влезе на местото на Сколс беше излезе сам пред голот, но топката беше не успеа да ја задржи, Реина излезе надвор од казнениот простор и со глава ја исфрли топката, но само до Велбек, кој се обиде да бие од поголема далечина, бидејќи Реина не беше на голот. Но младиот Велбек не успеа да постигне гол. Во 88 минута Кајт постигна гол за елиминација на Манчестер Јунајтед од
Фа Купот и огромна радост на играчите и фановите на Ливерпул.