My Bloglist

недела, 29 август 2010

Весли Снајдер: Мурињо ќе го наследи Фергусон во Јунајтед

Ѕвездата на Интер, Весли Снајдер даде свое видување околу тоа кој ќе го замени Сер Алек Фергусон откако шкотланѓанецот ќе се реши да се повлече од клупата на Манчестер Јунајтед.

- "Кога Фергусон ќе се реши да се пензионира, според мене, Мурињо ќе го наследи. Па така, од Јунајтед ќе замине еден одличен, светски признат менаџер, а на негово место ќе седне друг, исто така светски признат и одличен менаџер. Досега многу-пати сум имал долги и искрени разговори со Мурињо и би се обложил во тоа дека токму португалецот ќе биде наследникот на Фергусон."

- "Да бидам искрен, веројатно тој е едниствениот тренер во светот кој е способен да го замени Алекс Фергусон. Свесен сум дека и Ферги ќе има важна улога во одлуката за нов менаџер на Манчестер Јунајтед и иако двајцата имаа свои недоразбирања, сепак видлив е меѓусебниот респект кој што го имаат овие двајца."

- "Знам точно колку голема желба има Мурињо да се врати во Премиер лигата. Кога зборувавме околу таа можност тој тој изгледаше како мало дете. Беше многу возбуден." - изјави Снајдер кој под водство на Мурињо освои се што можеше да се освои минатата сезона со Интер.