My Bloglist

недела, 29 август 2010

Нани одлично одговори на критиките

Одличната игра крунисана сo гол и аистенција
- Сигурно дека Нани денеска е далеку посреќен отколку што беше пред недела дена кога беше прогласен за трагичар на натпреварот против Фулам кога промаши пенал.
- Вчера беше прогласен за играч на натпреварот меѓу Јунајтед и Вест Хем имајќи учинок од еден гол и една асистенција притоа играјќи со огромна самодоверба.Со тоа покажа дека промашениот пенал не остави некој лош ефект врз неговата игра.
- "Секогаш уживаме кога постигнуваме голови. Минатата недела одигравме нерешено па затоа бевме екста фокусирани да обезбедиме победа против Вест Хем. Оригравме одлично и победивме па затоа мораме да бидеме среќни. Можевме да постигнеме и повеќе голови но и вака сме задоволни од крајниот резултат. Бев пресреќен што успеав да постигнам гол бидејќи успеав да промашам неколку шанси предходно. Оваа сезона сакам да постигнам голем број на погодоци и на тој начин да му помогнам на тимот." - изјави Нани по натпреварот