My Bloglist

вторник, 5 октомври 2010

Јунајтед сепак го најде наследникот на ВДС

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед го засили својот интерес кон данскиот национален голман Андерс Линдегаард кој брани за норвешкиот Аалесунс.

Тренерот на голманите на „Црвените ѓаволи" Ерик Стил дури патувал за Норвешка за да ги гледа настапите на 26-годишниот голман за време на дуелот меѓу Аалесунд и Стабек, каде тимот на Линдегаард бил поразен со 2:1, но сепак Линдегаард повторно доби многу пофалби за настапот.

Покрај Данецот Јунајтед ги следи настапите и на шпанскиот голман на Атлетико Мадрид Давид Де Геа, кој од почетокот на сезоната се претставува навистина феноменално.

Инаку самиот Линдегаард е посакуван и од тимовите на Ливерпул, Милан и Арсенал, но сепак Јунајтед има предност пред сите овие клубови, бидејќи желбата на Данецот е да игра на „Олд Трафорд".

Во моментов менаџерот на Јунајтед Сер Алекс Фергусон напорно бара класа за Едвин Ван Дер Сар кој ќе се откаже по крајот на сезоната и има голема веројатност токму Линдегаард да застане на голот на тимот.

Данецот во својата кариера настапувал во тимовите на OБ, Колдинг и Аалесунд.

Тој успева да блесне за норвешкиот клуб во последната година, во која игра навистина многу добро.

Инаку за интересот на Јунајтед од Линдегаард се зборуваше уште во текот на летото, но тогаш не дојде до трансфер.

Сепак не е исклучено во текот на зимата скандинавецот да игра на „Олд Трафорд".