My Bloglist

вторник, 5 октомври 2010

Реал Мадрид и Јунајтед во лута битка за Герет Бејл

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ќе влезат во лута битка за потписот на една од големите ѕвезди на Тотенхем Герет Бејл.

Менаџерот на „црвените ѓаволи" Сер Алекс Фергусон е голем обожавател на Велшанецот и со задоволство би го довел на „Олд Трафорд" во зимскиот трансфер период.

Англискиот гигант дури се обидува да започне прелиминарни преговори со раководството на Тотенхем за младиот фудбалер, но Тотенхем не се подготвени да се разделат со една од своите ѕвезди.

На „Вајт Харт Лејн" сметаат дека Бејл е среќен во клубот и немаат намера да го продаваат.

Малку е веројатно Јунајтед да извади многу голема сума за Бејл, но ако тимот се обиде со 30 милиони фунти, тогаш можеби Хари Реднап ќе го промени своето мислење, дали да го продаде Велшанецот на „црвените ѓаволи".

Жозе Мурињо, сепак, исто така, има многу сериозни амбиции за Герет, а Реал Мадрид е подготвен да понуди голема сума за секој фудбалер.

Самиот Хари Реднап призна во својата колумна во „Сан" дека е свесен за интересот на Специјалниот за велшкиот репрезентативец, но истакна дека нема намера да го продава.