My Bloglist

сабота, 1 јануари 2011

Џилардињо нова трансфер цел на Фергусон

Манчестер Јунјатед сериозно се вклучил во трката за напаѓачот на Фиорентина и италијанската репрезентација, Алберто Џилардињо.

Јувентус веќе подолго време се поврзува со италијанскиот напаѓач, но сега добива сериозна конкуренција бидејќи Алекс Фергусон се вклучува во трката за 28-годишниот напаѓач.

Наводно шкотскиот стручњак не е задоволен со осцилацијата на формата на Димитар Бербатов, па сака да има уште еден напаѓач со слични каратеристики и е сериозно заинтересиран за Џилардињо чија вредност се проценува на околу 15 милиони евра.

Италијанските медиуми пишуват дека младиот напаѓач Федерико Македа би можел да биде дел од овој трансфер, бидејќи неговото враќање во Италија е веќе на повидок.

Еден од заинтересираните клубови за 19-годишниот напаѓач е и Фиорентина, која сака да го донесе на позајмица, па тоа би можело да се искористи како дел од трансферот на Џилардињо на Олд Трафорд.