My Bloglist

вторник, 4 јануари 2011

Фергусон ги нападна агентите заради нивната алчност

За 24 години колку што е на клупата на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон се наслушал и нагледал се и сешто, но се чини дека на шкотскиот менаџер најмногу му сметаат агентите, па во разговор со новинарите на „Гардијан“ издвои неколку интерсни приказни од преговарачката маса.

Фергусон не така одамна се најде во неприлика со Вејн Руни за кој вели дека премногу го слушал својот агент, па затоа трансфер агентите се последните ликови кои Фергусон сака да ги гледа во своите канцеларии.

„Еден агент бараше клубот да купи еден цел станбен блок, само неговиот играч да се согласи да дојде, сега не би издвојувал имиња, тоа и не е толку важно колку податокот до каде се спремни тие луѓе да одат. Еве земете го пример Руни. Мислам дека слушаше погрешни луѓе, а кога виде каков впечаток остави на луѓето покрај него, тогаш свати дека прави голема грешка“, вели Фергусон.

Менаџерот на Манчестер мисли и дека агентите имаат големо влијание и на платите на фудбалерите, и дека многу од нив неправедно ги заработуваат парите.

„Ужасно ми е кога ќе ми се јават менаџерите и ќе ми речат дека имаат за мене тој и тој играч кој вреди милион фунти, а тој пак не знае ни патиките да ги врзи. Жалостен е моментот кога менаџерите прават чуда само да му продадат на некој клуб играч за скапи пари, а никој не знае зошто е тоа така. Затоа кај мене во тимот се знае и кој што прави и колку е платен за тоа“изјавува Сер Алекс и додава дека е многу добро што тој повеќе нема теска соработка со менаџерите.

„Јас за среќа немам директен контакт со нив, во клубот е тоа работа на нашиот извршен директор Дејвид Џил.Верувајте ми тоа е многу тешка работа. Агентите имаат фантазија која ги поминува сите граници“, отценува Фергусон.