My Bloglist

петок, 28 јануари 2011

Ван Дер Сар се пензионира по крај на сезоната

Едвин ван дер Сар потврди дека ќе се повлече од фудбалот по крајот на сезоната за да помине повеќе време со семејството.

Подолго време се сугерираше дека голманот на Манчестер Јунајтед летоска ќе се пензионира и Холанѓанецот сега ја потврди намерата да се повлече од фудбалот.

На почетокот од оваа сезона Сер Алекс Фергусон призна дека очекува оваа сезона да биде последна за 40 годишниот Ван дер Сар.

Фергусон исто така изрази желба да го задржи Ван дер Сар како дел од својот тренерски персонал но голманот вели дека ќе земе комплетна пауза од фудбалот по крајот на сезоната.

“Сега е време да посветам внимание на моето семејство.” – рече Ван дер Сар.

“Не можам со точност да кажам кога беше донесена ваквата одлука. Ајде да кажеме дека вакви мисли ми се вртеа низ глава откако Анемари имаше здравствени проблеми.”

“Таа успеа да се опорави. Одлучивме да останеме уште една година во Англија и престој во Манчестер Јунајтед.”

“Но, откако започна сезоната, мислите за кажување збогум започнаа да бидат почести.”

“Не ме прашувајте како и зошто, но одеднаш знаете. Тоа беше доволно.”

“Дојде времето да посветам големо внимание на моето семејство.”

За можноста да биде дел од тренерскиот персонал на ’Црвените Ѓаволи’ Ван дер Сар рече: “Ќе се обидам да имам 18 месеци или две години за самиот себе – а имам и семејство со кое можам да правам убави работи.”

Запрашан дали годините играле улога во одлуката за пензионирање, поранешниот холандски интернационалец рече: “Не, моите години не играа улога. Имам 40 години, но сеуште се чувствувам фит.”